Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

10 јули 2020

10 јули 2020 

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски со градоначалниците на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и на Општина Бутел, Велимир Смилевски, ќе извршат увид во работите на патот Раштак – Бутел. (изјава за медиумите: надвозникот на обиколницата за Раштански лозја/11:15)

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, ќе направат увид во градежните работи на социјална зграда во Општина Бутел.(Изјави за медиумите/11:40)

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски ќе ја посетат компанијата „Техно гума“. (бул. „Борис Трајковски“ бр. 139, индустриска зона во Кисела Вода – Пинтија/10:00, изјави за медиумите/10:30)

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ќе извршат увид во тековните активности за изградба на мостот „АСНОМ“, кој ќе ги поврзува општина Аеродром и населба Ќерамидница, преку реката Вардар. (во близина на х. Русија и паркот на езерцата/11:30, изјави за медиуми/12:00)

Ресен – Прес-конференција на вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми. (амфитеатарот на СОУ „Цар Самоил“, ул. „Кочо Рацин“ бр. 48/11:00)

Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (Клуб на пратениците, ул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ бр.54/13:00, а ќе може во живо да се следи на линкот: https://us02web.zoom.us/j/84541056980)

Скопје – Прес-конференција на Стопанската ломора за туризам на Македонија – СКТМ. (СКТМ, зграда на Македонија сообраќај/11:00)

Скопје – Кинотека на Северна Македонија започнува со летната кино програма на отворено со проекција на македонскиот филм – добитник на престижната награда LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – „Господ Постои, Името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска. (во дворот на Кинотека/21:00)

Кавадарци – Деветта по ред Меморијална манифестација „Денот кога се роди добриот човек“, посветена на Дејан Костов Лиса. (online на ФБ страницата на Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“/20:30)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

Скопје – Прес-конференција на Граѓанската асоцијација МОСТ, на која ќе го објави изгледот и распоредот на своите набљудувачи на денот на изборите, како и начинот на известување на денот на изборите, 15 јули. (пред просториите на ГА МОСТ, ул. „Лондонска“ бр. 9б/11:00)

Битола/Скопје – Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Битола (19:00) и општина Карпош (20:30)

Скопје – Промоција на целосно инклузивно програмско видео на политичка платформа на Коалицијата „Можеме“ за сите лица со попреченост. . (Дом на хуманитарните организации на Македонија „Даре Џамбаз“, ул. „11 Октомври“ бр. 42 А, сала 1/12:00)

Штип – Изјава на генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски. (плоштад Слобода/13:00)

Македонска Каменица – Изјава за медиуми на носителката на ИЕ3 од коалицијата „Можеме“ Јагода Шахпаска. (парк на рударите/11:45)

Пехчево/Берово/Делчево – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Македонска Каменица (15:30), Пехчево (17:00), општина Берово (18:30) и општина Делчево (20:30)

– Носителот на ИЕ 1, Гордана Силјаноска Давкова  ќе оствари средба со здравствените работници. (Јавна соба/14:30)

Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе даде изјава за медиуми во населено место Бедиње, Куманово (13:30)

– Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе даде изјава за медиуми во општина Зелениково (13:00), а ќе оствари средба со жителите на Македонска Каменица (15:30), општина Пехчево (17:00), општина Берово (18:30) и општина Делчево (20:30)

Скопје – Средба со лекари и здравствени работници на кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери на која ќе ја презентира програмата во областа на здравството. (плоштад Скендербег/11:00/пристигнување на новинарски екипи 10:45)

Скопје – Прес-конференција на политичката партија Левица на која ќе ги изнесе причините за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ  г. Никола Ивановски. (пред зградата на Основното јавно обвинителство/11:00)

Штип – Прес-конференција на Граѓанско Демократската Унија на тема фискална децентрализација, изјава ќе даде претседателот на ГДУ и носител на ИЕ 3, Петар Колев. (плоштад „Слобода“/11:00)

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close