Најава на настаниСервисни информации

МИА Најави – Македонија (ДПЛ)

6 февруари 2019 

6 февруари 2019 

Скопје – Седница на Собранието на Република Македонија. (Собрание на РМ, сала „Македонија“/13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание на РМ, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Собрание на РМ, сала 4/11:00 и 12:00)

Скопје – Седница на Законодавно-правна комисија. (Собрание на РМ, сала 10/13:00)

Скопје – Следење во живо на потпишувањето на протоколот за членство на нашата земја во НАТО, како и изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Никола Димитров. (Влада на РМ, медија центар/11:00)

Скопје – Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец во својство на НАТО контакт во земјава ќе даде изјава по повод потпишувањето на НАТО протоколот за пристапување на Македонија кон Алијансата. (Амбасада на Република Словенија, ул. Дане Крапчев 6а/14:00)

Истанбул – Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан  во работна посета на Република Турција, каде што ќе присуствува на 22.  Евроазиски економски самит.

Скопје – Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши на која ќе ги претстави мерките и активностите од Програмата за развој на туризмот 2019. (Министерство за економија, 6. кат/11:00)

Скопје – Изјава за медиуми на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. (Министерство за транспорт и врски/13:30)

Скопје – Министерот за здарвство Венко Филипче и претседателот на Собранието Талат Џафери ќе присуствуваат на предавањето на донација во опрема од здружението „Ти си сончоглед“ на Клиниката за детски болести. (двор на Детска клиника/11:00)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на отворање на проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ 2015. (ЕУ Инфо Центар/10:30)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа на која ќе информираат за одлуките од 118. седница. (Медија центар на Влада/по завршување на церемонијата на потпишување на Протоколот за членство во НАТО во Брисел)

Скопје – Седница на Уставниот суд на Република Македонија. (9:30, брифинг за новинари/13:00)

Скопје – Тркалезна маса за промоција на пробациската служба во Република Македонија и придобивките од заживување во пракса на системот за алтернативно санкционирање на сторителите на кривични дела на слобода (во заедницата), во организација на Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите и Германската Фондација за меѓународна правна соработка IRZ, во рамките на активностите на ТВИНИНГ Проектот „Јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациската служба “, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европска унија во Скопје. (Клуб на пратеници/10:00 до 13:00)

Скопје – Изјави на портпаролите на ДИК Љупка Гугучевска и Адмир Шабани во врска со аспекти од соработката меѓу ДИК и Министерството за внатрешни работи, што ги засегаат граѓаните и остварувањето на нивното избирачко право на претстојните претседателски избори. (Седиште на ДИК, 4-ти кат/12:00)

Скопје – Промоција на Првата датабаза на жени експертки во Република Македонија. (х. „Холидеј Ин“/ 10:00)

Скопје – Работилница за промоција на БИМ (алатка за информациско моделирање на градби) – Иниицијатива да се воведе иновација за одржливо, конкурентно и енергетски ефикасно градење. (Центар за трансфер на технологии и иновации – ИННО ФЕИТ, ул. Руџер Бошковиќ, бр. 18/10:45, изјави за медиумите во 10:45)

Скопје – Конференција за промовирање на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес во организација на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која ќе се обрати амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лусине Бадалјан, виш советник за избори од ОДИХР, Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија и Бојана Младеновска, активист за правата на лицата со попреченост. (х. „Мериот“/9:30)

Скопје – Промоција на првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20. (х. „Парк&Spa“/11:00)

Скопје – Прославата на 10 годишен јубилеј на компанијата НОВАКО, генерален застапник на ThyssenKrupp во Македонија и регионот. (х. „Александар Палас“, изјави за медиумите се предвидени во 12:30)

Скопје – Отворање на самостојна изложба „Обоена љубов“ на дела од Маја Андонова Јокиќ. (НЛБ Галерија, Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, Скопје/20:00)

 

_________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close