Најава на настаниСервисни информации

МИА Најави – Македонија (ДПЛ)

1 февруари 2019

1 февруари 2019

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Собрание на РМ/сала 4/11:00)

Охрид – Трибина „Силна економија – шанса за сите“ на која граѓани и претставници на компании од Охрид ќе дебатираат  со премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. ( Центар за култура „Григор Прличев“/12:30)

Хелсинки –  Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во работна посета на Финска.

Скопје – Командантот на силите на САД за Европа, генерал потполковник Кристофер Каволи, во посета на Македонија и на средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски.

Скопје – Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски ќе се обратат на заокружувањето на обуката „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело“.(Центар за обука во Идризово/11:00)

Скопје – Промотивен настан по повод пристапување на Република Македонија кон највисокиот стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС Плус, на кој ќе се обратат министерот за финансии, Драган Тевдовски, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска. (Државен завод за статистика/10:00)

Крива Паланка – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе учествува на Инфо ден за спроведување и користење на ИПАРД 2014-2020. (простории на општина Крива Паланка/14:00)

Скопје – Презентација на грантови за граѓански организации од Гостивар, Куманово, Ресен, Кавадарци и Струмица, на која ќе присуствуваат  раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска унија, Никола Бертолини,  постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, како и претставници на организациите, добитници на грантови. (простории на УНДП, „Јордан Хаџи Константинов Џинот 23“/12:00, изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на настанот)

Скопје – Обраќања на заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов и на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски по повод вториот јавен повик „Предизвик за млади истражуачи“. (библиотека на средното училиште „Георги Димитров“/11:00)

Скопје – Прес-конференција на заменик-народниот правобранител  Васка Бајрамовска- Мустафа на која ќе биде промовиран  Извештајот од спроведеното истражување за прекин на бременоста на рана возраст и раѓање од малолетни мајки, за периодот 2016-2017 година.(Канцеларија на Народниот правобранител/11:30)

Скопје – Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ќе потпише меморандум за соработка со Управата за извршување санкции. (сала за состаноци до Кабинетот на градоначалникот/11:30)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев по повод новиот повик за субвенции за велосипеди што општината ги доделува за жителите на Карпош. (пред општинска барака на ул. Радика бр. 9 (во дворот на училиштето „Лазо Трповски“/11:30)

Скопје – Прес-конференција на иницијативата „Канцерогено општество“ по повод протестот против загадувањето. (пред Собрание на РМ/11:00)

Скопје –  Средба иницирана од Блокчеин Хабот Македонија чија цел е да информира за можностите, но, и да се слушнат потребите на блокчеин заедницата во Македонија. (Амфитеатар на ФИНКИ/18:00 до 20:00)

Гостивар – Олимписки ден, организиран од Македонскиот олимписки комитет, во соработка со општина Гостивар, на кој ќе присуствуваат градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и претседателот на МОК, Васил Тупурковски. (ОО „Исмаил Ќемали“/11:00 до 12:00, а претходно ќе остварат средба во кабинетот на градоначалникот/10:00)

Скопје – Доделување на првата годишна стрип награда „Лифт“. (Младинскиот културен центар/20:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложбата на Марко Вујисиќ. (Галерија Акантус/20:00)

________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close