Најава на настаниСервисни информации

МИА Најави-Македонија

30 јануaри 2019

30 јануaри 2019

Виена – Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе престојува во работна посета на Австрија каде ќе се сретне со канцеларот Себастијан Курц. (предвидена е заедничка прес-конференција)

Скопје – Собранието на Република Македонија ја продолжува 81. седница. (11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала 4/11:00)

Скопје – Во Владата на Република Македонија ќе се доделат договори за подгрантови за јакнење на невладините организации и асоцијации од туристичкиот сектор. На настанот најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово Марко Мантованели, раководителот на економскиот оддел во Делегацијата на Европска Унија Фрејк Јанмат и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак.(Влада на РМ/11:30)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на официјалното претставување на едукативниот проект „Паркирај совесно!“. (гимназија „Јосип Броз Тито“/11:00)

Струмица – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Кристијан Трајковски ќе извршат увид во изградбата на социјална зграда во Струмица. (пред социјалната зграда во Струмица, изјави за медиумите/12:00)

Боговиње – Министерот за образование и наука, Арбер Адеми ќе учествува на свеченото отворање на новата спортска сала во ОУ „Сабедин Бајрами“ во селото Камјане. (11:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа за одлуките од 117-та владина седница.(Влада на РМ/13:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30, брифинг за новинари 13:00)

Скопје – Седница на Врховниот суд на Република Македонија.

Скопје –  Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Амбасадата на Романија во Македонија во рамки на претседателството на Романија со Европскиот совет организира панел дискусија на тема „Националните перспективи во рамките на романското претседателство со Европскиот Совет“. (ЕУ Инфоцентар/13:15)

Скопје – Советот за етика во медиумите (СЕММ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ,  организира прес-конференција на која ќе информира за формирањето на Мрежата за борба против говор на омраза во медиумите. (ЕУ Инфо центар/10:30)

Скопје – Јавна дискусија на тема „Зошто е потребен законот за млади“, организирана од Платформата за
мултикултурализам, поддржана од Прогрес – Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска. (х „Парк Резиденс“/11:00)

Охрид – Презентација на седум нови специјални комунални возила, на која ќе се обратат в.д. градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски. (пред Дирекцијата на ЈП „Охридски комуналец“/11:00)

Скопје – Општина Кисела Вода ќе одржи дискусија на тема „Соработка со граѓански организации и ЕУ проекти“. (голема сала на Општината/13:30)

Скопје – Изведба на балетската претстава „Оревокршачка“. (МОБ/20:00)

Битола – Промоција на книгата „Крај барата“ од авторот Љубе М. Митрејчевски. (Универзитетска библиотека/11:00)

________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close