15 мај 2020

Вашингтон, 15 мај 2020 (МИА) – Републиканскиот сенатор од Северна Каролина, Ричард Бар, (64), претседавач со Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, ќе си поднесе оставка додека ФБИ го испитува за нелегално собирање деловни информации со цел да избегне загуби на берзата за време на кризата со коронавирусот, пренесе Би-Би-Си.

ФБИ го запленило телефонот на сенаторот Бар, кој ги негира тврдењата дека нелегално се здобил со информации и го искористил за да избегне загуби на берзата за време на вонредната состојба.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец и во однос на април 2029 година.

Според објавените податоци состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Во Општина Карпош започнаа изведбените – теренски активности за новиот зелен и спортско – рекреативен центар, во кој се предвидува ново зеленило, фитнес дел, а во завршна фаза е и детското игралиште.

Градоначалникот Стефан Богоев изјави дека на оваа површина, од 11.190 м2 доминантно ќе биде зеленилото, а предвидено е засадување на нови, висококвалитетни дрвја, тревна површина, систем за наводнување на зеленилото, како и клупи за седење и корпи за отпадоци.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Во првото тримесечје од 2020 година во земјава се откупени и продадени земјоделски производи во вкупна вредност од 4,29 милијарди денари што е за 2,9 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 5,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 3,1 отсто.

Џенова, 15 мај 2020 (МИА) – По повеќе од два месеца забрана воведена поради Ковид-19, од 3 јуни на италијанските граѓани ќе им биде дозволено да се движат надвор од регионот во кој се наоѓаат.

Според весникот „Кориере дела Сера“, според указот кој би требало да биде одобрен попладнево, движењето на територијата на регионите може да биде ограничено само со мерки за одредени области во согласност со епидемиолошкиот ризик во таа област.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) предлага да се иницира ревизија на национално ниво на Проценките на ризик на сите работни места каде има опасност од заразување на вработени лица со новиот коронавирус.

Здружението смета дека професионалното заболување КОВИД-19 треба да биде признаено за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести.

 

Back to top button
Close
Close