МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 јуни 2021

Охрид, 25 јуни 2021 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше домаќин на церемонијата во Охрид по повод свечено усвојување на Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии, на која присуствуваа колеги од земјите од Западен Балкан, засегнати како од предметната област, така и од теми на споделен интерес, ја искористи можноста да реализира две билатерални средби.

Во рамки на првата билатерална средба на министерот Спасовски со косовскиот колега Џељаљ Свечла беше потпишан Протоколот меѓу министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Косово за поддршка и соработка во областа на заеднички обуки. Целта на овој Протокол е воспоставување на заедничка соработка во насока на поддршка на стратешките цели за обука и развој на ниво на професионална и континунирана едукација во областа на јавната безбедност и во областа на полициското работење.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево и 3.000 евра за одговорното лице.

Истовремено донесе решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ од складот во Ресен и определи рок од 15 дена за постапување по наредбата.

Неготино, 25 јуни 2021 (МИА) – Финишира изградбата на патот од Горни Дисан до Вешје во должина од 787 метри и ширина на коловозот од 5,5 метри, информираа од општината Неготино.

– Вредноста на проектот изнесува 22.421.888 денари, средства финансирсни од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството, соопштија од локалната самоуправа.

Кичево 25 јуни 2021 (МИА) – На Осломејско езеро од денеска до недела ќе се одржи крапска дружба на риболовци од Кичево и кичевијата. Екипите се состојат од два члена, а ќе ловат непрекинато 50 часа, потврди Мире Ночески портпарол на риболовното друштво „Хантер Фиш“, од Кичево и организатор на настанот.

-Со учество на риболовни екипи од Кичево и околината, од денеска до недела на Осломејско езеро ќе се одржи пријателска крапска дружба, на која ќе се лови на две крапски трски не подолги од четири метри. Дозволено е користење на секаков вид на мамки, освен живи мамки. Нема да има строги правила во самиот крапски натпревар и се очекува во овие три дена локалните риболовци да потврдат дека ги совладале тајните на овој рекреативен спорт, вели портпаролот Ночески.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Градот Скопје традиционално во склоп на проектот „Училиштето место за натпревар по знаење“, за подршка на скопски регионални натпревари по различни наставни предмети, додели парични награди и благодарници на 59 највисоко рангирани ученици на локалните натпревари по знаење. Благодарниците ги додели Градоначалникот Петре Шилегов, кој се заблагодари на наставниците, менторите, акредитираните здруженија, а на средношколците им порача да продолжат по патот на успехот.

– Овие млади луѓе се луѓе кои даваат пример како всушност може човек многу рано да ја сфати суштината на успехот во животот и таа беше идејата на нашата подршка да ги наградиме регионалните скопски шампиони, изјави Шилегов.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули.

Ова го порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во говорот на состанокот на министрите од шесте земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии што се одржа во Подгорица, во организација на Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans“.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателот на државата Стево Пендаровски и претставници од Сити Колеџ од Солун, којшто е европски кампус на британскиот Универзитет Јорк, денеска потпишаа протокол за доделување на стипендиите „Борис Трајковски”.

-Со потпишувањето на овој протокол ја продолжуваме соработката со Сити Колеџ во Солун, а со стипендиите „Борис Трајковски“ од годинава наменети за студирање на престижниот британски Универзитет Јорк овозможуваме наши граѓани да се стекнат со диплома од еден од најдобрите универзитети во светот. Програмата се изучува на англиски јазик и нуди уникатни придобивки за учесниците, што ја прави една од најдобрите Извршни МБА програми во регионот, рече министерката Царовска.

Белград, 25 јуни 2021 (МИА) – Србија започна преговори со ЕУ пред повеќе од седум години, до ѕвездата на знамето на ЕУ има уште многу да се работи, а на тој пат може да не запре Хрватска, пред се поради границата и исчезнатите лица, Романија поради малцинствата и користењето на Дунав, како и Бугарија со која го решаваме прашањето за националните малцинства, анализира белградски Блиц, јави дописникот на МИА од Белград.

– Пред три дена, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и порача на Србија дека има уште многу да направи пред да влезе во ЕУ и го наметна признавањето на геноцидот во Сребреница како еден од условите, иако нашата држава се изјасни по тој повод. Овој случај ни послужи да ги испитаме сите нерешени билатерални прашања што ги има Србија, и соодветно на тоа, кои земји, доколку одлучат да го сторат тоа, може да и подготват непријатно изненадување на Србија и да ги блокираат преговорите со ЕУ, пишува Блиц.

Анкара, 25 јуни 2021 (МИА) – Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ, кои се однесуваат на Турција, се далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходните чекори.

Министерството, во писмена реакција на одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ вчера во Брисел, наведе дека Турција направила повеќе отколку што и следува во контекст на намалувањето на тензиите, интензивирање на дијалогот и соработката.

Прага, 25 јуни 2021 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа откако ретката појава на торнадо и обилните дождови предизвикаа хаос на југо-истокот на Чешка, соопштија денеска чешката полиција и службите за итни случаи, јави ДПА.

Во невремето, додава германската агенција, повредени се околу 200 лица, од кои 60 се сместени во болниците, наведуваат чешките власти.

Москва, 25 јуни 2021 (МИА) –  Русија денеска соопшти дека во оптек ја пушта својата четврта вакцина против Ковид-19, „Спутник лајт“, што ќе се дава во единечна доза, објави весникот „Комерсант“.

„Спутник лајт“ ја користи само првата доза од водечката руска вакцина „Спутник В“, која во период од 21 ден по првата доза, имунолошкиот систем го засилува со втора доза.

Берлин, 25 јуни 2021 (МИА) – Во западноафриканската држава Мали извршен е напад на патрола на германски војници, членови на мисијата на ООН.

Мировната команда од Бундесверот потврди дека биле нападнати германски војници.

Back to top button
Close
Close