14 мај 2020

Париз, 14 мај 2019 (МИА) – Откако главниот извршен директор на групата „Санофи“, Пол Хадсон изјави дека САД приоритетно ќе бидат услужени доколку се најде вакцина против Ковид-19, францускиот државен секретар за економија Ањес Пание-Рунахер, оцени дека тоа е „неприфатливо“, јави дописникот на МИА.

-За нас би било неприфатливо ако има привилегиран пристап од една или друга земја под изговор дека тоа е поради финансирањето, рече државниот секретар Ањес Пание-Рунахер за радиото „Суд“.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви брошура наменета за трудници со совети за одржување на нивното здравје и превенција од вирусот КОВИД-19. Брошурата ги советува бремените жени кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат, дали се во поголем ризик од останатите, дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Новиот сет на мерки е во насока да понуди стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда и домашните компании. На тој начин преку финансиска поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство, најави министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Мерките се така таргетирани со цел да го амортизираат економскиот удар, да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда и домашните компании. Зборуваме за домашни производи и услуги, мораме да имаме предвид дека меѓу погодените сектори се и голем дел од услужните сектори. Ако ја погледнете нашата структура на бруто домашен производ, околу 65 отсто придонесува приватната потрошувачка.

Мадрид, 14 мај 2020 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за тековната сезона која е суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

– Сега јас сум повеќе загрижен за подготовките за Австралија опен 2021. Ми се чини дека оваа година е речиси изгубена за тенисот. Се надевам дека во новата сезона ќе можам да играм со максимум. Сите губиме една година кариера. На моја возраст ваквото доживување е многу потешко, но ништо не може да се стори. Проблемите со логистиката прават одржувањето на натпревари да е невозможно, изјави Надал.

Вашингтон, 14 мај 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите приврзаници ја обвинија за „срамно известување“ Гласот на Америка, институција финансирана од САД и формирана во Втората светска војна заради емитување независни вести и промовирање на американските вредности.
Советникот за комуникации на Трамп – Ден Скавино, на 9 април на Твитер објави текст на Гласот на Америка за Кина. Покрај текстот, Скавино напиша дека „американските даночни обврзници ја плаќаат пропагандата на Кина преку Гласот на Америка, финансирана од САД“ и додаде „Срамно!“.

Берлин, 14 мај 2020 (МИА) – Пилотот на Рено, Даниел Рикардо, ќе ја продолжи кариерата во Мекларен. Според „Мотоспорт- Тотал“ повикувајќи се на свои извори, Рикардо потпиша договор со британскиот тим од Формула 1 шампионатот и ќе го замени Карлос Саинц во 2021 година.

Неколку извори претходно објавија за наводен трансфер на Себастијан Фетел во Мекларен, но овие информации, најверојатно не биле вистинити.

Даблин, 14 мај 2020 (МИА) – Најстарата ќерка на Мет Дејмон, Алексија оздраве од коронавирусот, соопшти американскиот глумец, кој со сопругата и двете помали ќерки е заглавен во самоизолација во Далки, Ирска.

Инаку, Алексија е во карантин во Њујорк, каде што студира.

„Таа имаше коронавирус уште од почетокот, заедно со своите цимери. Едвај чекам сите да се вратиме во Лос Анџелес и да бидеме заедно. Сите сме во ред, но за тештата и за мајка ми ова беше страшен период. Сите сме во изолација, го почитуваме физичкото растојание и редовно ги миеме рацете“, напиша Дејмон.

Кабул, 14 мај 2020 (МИА) – Има стравувања за многу загинати откако во главниот град на провинцијата Пактија, во југоисточен Авганистан, рано утринава експлодира автомобил-бомба, соопштија локалните власти, јави ДПА.

Најновата експлозија доаѓа само два дена по двата напади во земјата, на породилиштето на „Лекари без граници“ во Кабул и на погреб во Нангархар, каде загинаа повеќе од 50 лица, додава агенцијата.

-Автомобил, полн со експлозив, денеска е активиран во градот Гардиз, главниот град на провинцијата, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан.

 

Back to top button
Close
Close