МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 јуни 2021

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021–2024, и понатаму е израз на силната посветеност на оваа наша пријателска земја да ја продолжи поддршката на решавањето на преостанатите предизвици на нашата политичка определба, на нашите социјални и економски политики, особено сега во пост-ковид периодот, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на Програмата на која беа присутни и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер потпишаа Меморандум за соработка со кој се унапредува соработката на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, информираат од МИОА.

– Со потпишување на овој Меморандум, страните ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и градење на капацитети за доследна имплементација на законската регулатива, се наведува во соопштението од МИОА.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Депозитите во мај имаат месечен раст од 1,2 отсто, додека кај кредитите растот е  0,8 отсто. Податоците на Народната банка на годишно ниво покажуваат дека депозитите забележале раст од 7,1 отсто, а кредитите од 5,6 отсто.

Од Народната банка наведуваат дека растот кај депозитте е поизразен кај корпоративниот сектор, додека кај кредитите на секторот домаќинства.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Францускиот јазик е предност за младите во Северна Македонија, и за нивната професионална иднина, изјави денеска францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер во своето обраќање на отворањето на Летниот регионален онлајн универзитет 2021, во организација на Францускиот институт во Скопје.

-Да се предава францускиот јазик претставува постојан труд за професорите кои го имаат тоа како задача, бидејќи самата професија станува сè посложена, барајќи, од една страна, да се почитуваат официјалните програми, а од друга да се привлече вниманието на денешните млади, истакна францускиот амбасадор.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Три нови случаи на КОВИД-19, 15 оздравени пациенти и двајца починати се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 1.601 тестирање.

Од новите случаи, сите три се во Скопје, додека од оздравените 15, од Скопје се 6, Прилеп, Битола и Кичево по 2 и Тетово, Неготино и Виница по 1.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Ако поројните врнежи што се прогнозираат за попладнево се случат за краток временски период, можна е појава на брзо истекување на водите по малите водотеци и суводолиците во планинските делови и региони, а доколку врнежите ги погодат градските средини можни се локални урбани поплавувања во зависност од капацитетите на атмосферските канализации и почитувањето на прописот атмосферските води да не се влеваат во канализациските мрежи, предупредува Секторот за хидрологија на УХМР.

– Иако кај поголемите реки не очекуваме големи покачувања на водостоите,
предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците поради можна појава на опасни води, појава на свлечишта и одрони, наведува УХМР.

Атина, 21 јуни 2021 (МИА) – Министрите за животна средина и енергија на Грција и Египет ја разгледуваат можноста за електрично поврзување на двете земји преку подводен кабел со голем капацитет, што во Грција и Европа ќе пренесува електрична енергија, произведена исклучиво од обновливи извори, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со египетскиот претседател Абедел Фатах ал-Сиси по нивната средба во Каиро, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека станува збор за зелен проект, „еден од најголемите во југоисточниот Медитеран“, а соодветниот меморандум со деталите за соработката „практично е подготвен“ и на него работат претставници од двете земји.

Тирана, 21 јуни 2021 (МИА) – Албанија забележала значителен раст на извозот во текот на месец мај, надминувајќи ги дури и нивоата пред кризата.

Според државниот Завод за статистика, ИНСТАТ, минатиот месец извозот достигнал 33 милијарди леки, околу 97,5 милиони евра повеќе, споредено со истот месец минатата година.

Ереван, 21 јуни 2021 (МИА) – Предвремените избори во Ерменија, на кои најголем број гласови освои актуелниот премиер Никол Пашинијан беа „конкурентни и добро организирани“, оцени денеска набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка аво Европа (ОБСЕ).

Пребројувањето на гласовите беше многу транспарентно, а изборната кампања беше „демократска“, се наведува во соопштението на ОБСЕ, но исто така се изразува и жалење поради „запаливите зборови на главните кандидати“, што придонесе за „поларизација“ на општеството.

Цирих, 21 јуни 2021 (МИА) – Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо Ивеала потврди денеска дека африканските земји преговараат со ЕУ и други партенри за започнување производство на вакцини против коронавирусот во Јужна Африка, Сенегал, Руанда, а можеби и во Нигерија.

Таа на денешниот видео самит изјави дека се покажало оти прекумерната централизација на производството на вакцини е некомпатибилна со еднаков пристап до вакцините во кризни ситуации.

Минхен, 21 јуни 2021 (МИА) – Голманот на Германија, Мануел Нојер, ќе се појави на мечот на Европското првенство против Унгарија со капитенската лента во боите на виножитото, пренесува „Судејче цајтунг“.

Триесет и петгодишниот голман играше со оваа лента на натпреварите во групната фаза против Франција (0:1) и Португалија (4:2). УЕФА испита и не најде повреда на прописите.

Дебар, 21 јуни 2021 (МИА) – Членовите на карате клубот „Уранику“ од Дебар постигнаа голем успех на државното првенство во карате за кадети, јуниори и каратисти до 21 година, што се одржа во неделата во Скопје, информираше на средба со новинарите, тренерот Дурим Пачуку.

– Горд сум на постигнатиот успех. Посебно на освоеното прво место на Ера Коџа во кумите кадетска конкуренција со што се избори за учество на европското првенство што ќе се одржи во Финска од 20 до 22 август. Прво место освои и женската екипа во состав Вениса Думани, Гента Села Сара Дука и Ера Коџа, рече Пачуку.

Амстердам, 21 јуни 2021 (МИА) – Македонските фудбалери вечерва против Холандија под силни емоции ќе го играат завршниот натпревар на ЕУРО2020 по објавата на капитенот Горан Пандев дека за последен пат го облекува репрезентативниот дрес.

Илустрирајќи ја атмосферата во националниот тим пред натпреварот што започнува од 18 часот во Амстердам, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави попладнево фотографии полни со емоции на кои се капитенот Пандев и неговиот децениски соиграч во репрезентацијата Стефан Ристовски.

Back to top button
Close
Close