МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16 јуни 2021

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивен влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практиканство, доквалификации, преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан, постојана претставничка на УНДП во земјава.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – ТТК Банка и Халк Банка се стекнаа со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој претставува потврда дека банките се ориентирани кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижат за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo.

Како што информираат од Организацијата на потрошувачи, сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – На денешната Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ во Охрид, беа истакнати осознаените согледувања, насоките со сублимирање на заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата.

-Од македонска страна во Охрид, ќе се разгледуваат осознаените согледувања, насоките со сублимирање на  заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата, истакнал на денешната Планирачката конференција за големета претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“, директорот на вежбата, д-р Урим Вејсели.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Во организација на Американското катче Битола, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше виртуелна средба во форма на градско собрание (Youth Town Hall) со младите од регионот на Битола и Струга, наменета за воспоставување транспарентен разговор на теми поврзани со Европската Унија и пристапувањето на Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров им порача на младите луѓе дека тие се иднината на оваа држава, но и наша сегашност поради што треба да бидат активно вклучени во општествените процеси и креирањето политики во областите кои се од нивен и општ интерес.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје денеска организиаше конференција на тема  „Критична инфраструктура: ЕУ димензија, закон, стратегиски и институционален пристап“. Говорејќи за динамичните промени и растечката непредвидливост со која со соочува целиот свет, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски во своето воведно обраќање нагласи дека новите асиметрични закани и зачестените природни и од човекот предизвикани непогоди и катастрофи ја зголемуваат ранливоста на критичната инфраструктура и со тоа ги загрозуваат виталните функции на државата и општеството.

-Отежнувачки фактор за нас е што Северна Македонија се наоѓа во еден од климатски, но и безбедносно најранливите региони во Европа. Поради незавршената интеграција на регионот на Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО, степенот на порозност на критичната инфраструктура секогаш има и нагласена безбедносна димензија, дополнително засилена со присуството на новите хибридни закани, истакна Пендаровски, оценувајќи дека во такви сложени услови нашата држава е недоволно подготвена.

Атина, 16 јуни 2021 (МИА) – Договорот од Преспа останува чувствителна тема и за двете страни од границата, но некои веќе започнаа да му пристапуваат пореално, договорот е компромис што требаше да се направи и ги зајакна мирот и стабилноста во регионот, се дел заклучоците од паралелното истражување на јавното мислење под наслов „Перспективите на Договорот од Преспа, јавното мислење во Северна Македонија и Грција“, спроведено во двете земји, во пресрет на тригодишнината од потпишувањето на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот премиер Зоран Заев, денеска, во Владата, на средба со претседателот на Националната боксерска федерација Примислав Димовски и претседателите на боксерските сојузи на Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нивни членови, како дел од Регионалната боксерска лига основана неодамна, разговараа за унапредување на регионалната и меѓународна соработка преку спортот, како значајна поддршка во промоцијата на заедништвото, толеранцијата и меѓусебното разбирање.

– На средбата, од сите присутни беше изразена поддршка за успешна реализација на проектот Регионална боксерска лига, кој беше оценет како одличен показател на соработката меѓу сојузите во регионот. Премиерот Заев посакувајќи им добредојде на претставниците на боксерските сојузи на повеќе земји и членови на Регионалната боксерска лига истакна дека Владината поддршка за спортот, спортистите и спортистките се унапредува и е најдобар начин за надминување на девијантните појави во општеството. Тој ги запозна присутните со политиките на Владата и финансиската поддршка која се остварува преку приспособениот ваучерски систем изразувајќи подготвеност за продолжување во поддршка на македонскиот спорт со цел мотивирање на младите луѓе да се занимаваат со спортски активности, кои се важни за нивниот психо-физички и социјален развој, соопштија од Владата.

Софија, 16 јуни 2021 (МИА) –  Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија имаше состанок со амбасадорите во државите членки на ЕУ, Швајцарија и во САД, при што нагласил дека државата ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија.

„Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија и воспоставувањето на земјата како силен сојузник во НАТО“, нагласи Радев.

Париз, 16 јуни 2021 (МИА) – Францускиот премиер Жан Кастекс на прес конференција најави олеснување на здравствените ограничувачки мерки во земјата, почнувајќи од утре 16 јуни, јави дописникот на МИА.

Првата симболична мерка е укинување на обврската за носењето маска на отворено во. Ова веќе нема да биде задолжително освен во одредени околности (групирање, преполни места, редици, стадион).

Женева, 16 јуни 2021 (МИА)  – Разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател – Џозеф Бајден и Владимир Путин почнаа денеска во Женева во тесен формат.

Пред самитот, претседателите на САД, Русија и домаќинот, Швајцарија – Бајден, Путин и Гај Пармелин – направија заедничка фотографија пред вила Ла Гранж, каде што се одржува самитот, почитувајќи ја социјалната дистанца поради пандемијата.

 

Back to top button
Close
Close