МИА ФлешПакети

МИА Флеш

15 јуни 2021

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации и најостро го осудува недоличниот однос на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко кон новинарката на Алфа ТВ и новинарите присутни на прес-конференцијата во текот на вчерашниот ден на тема дивоградбите во општина Струга.

Од ЗНМ, потенцираат дека јавните личности, особено избраните функционери се подложни на јавна критика и тоа треба да го прифатат како дел од нивната работа и треба да се воздржат од изјави кои што на кој било начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности. Таквите изјави може да стимулираат напади и закани врз новинарите од страна на партиските припадници, а тоа со себе може да повлече многу негативни последици.

Скопје, 15 јули 2021 (МИА) – Заради дефект во шахта од ф2* на улица „Димитрија Чуповски“ број 1, утре прекин во водоснабдување ќе имаат дел од оваа и од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Од таму инфромираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па до санирање на дефект.

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Делегација на Општина Центар, предводена од градоначалникот Саша Богдановиќ, денеска престојува во посета на белградската Општина Стар Град.

Од Општина Центар информираат дека Богдановиќ, заедно со соработнците, оствариле средба со претседателот на Општината Стар Град, Радослав Марјановиќ, заменик претседателот на Општината, Александар Тодоровиќ и со претставници на општинските одделенија и членови на Советот.

Атина, 15 јуни 2021 (МИА) – Во позитивна и пријатна клима, во претседателската палата во Атина, новоименуваната амбасадорка на земјава во Грција, Лидија Бошковска денеска ѝ ги предаде акредитивните писма на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, церемонијата започна со интонирање на грчката химна, по што амбасадорката ги предаде акредитивните писма и по куса аудиенција на крај беше интонирана македонската химна.

Делчево, 15 јуни 2021 (МИА) – Истевнички Кукуље е новиот туристички производ на Агенција за промоција и поддршка на туризмот која во изминатиот период во партнерство со Општина Делчево го реализираше проектот за уредување и означување на туристички локалитет “Истевнички Кукуље“ кој што претставува природна реткост.
-Согласно проектот, Агенцијата за туризам (АППТ) соодветно го обележа овој нов туристички локалитет и постави опрема која може да се користи од страна на туристите (маси, клупи, летниковец, како и корпи за отпадоци). Дополнително, за оваа туристичка атракција да добие на атрактивност, Општина Делчево ја уреди планинската патека од Истевник до Разловци со соодветна маркација со бои, информативни табли и патокази, информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Белград, 15 јуни 2021 (МИА) – Ретко кој медиум во Србија од утрово ја нема пренесено веста за денешното укинување на патарината за српските граѓани кои патуваат низ Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од денеска за Србија бесплатно“, пишува Блиц, „Убава вест за граѓаните на Србија-Северна Македонија ја укина патарината“, соопштија Вечерње новости, „Во знак на благодарност за вакцините-укината патарината“ на Ало, „Новитет на граничниот премин за возачите од Србија“ на Мондо, а повеќето медиуми како РТС, РТВ, Политика, Дневник, Неделник, Нова.Рс, одеа со насловот „Од денеска бесплатна патарина за граѓаните на Србија во Северна Македонија“.

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Активностите во вежбата Одлучен удар 21 која се одржа во втората половина од месец мај на Криволак, не предизвикаа загадување на животната средина – покажа анализата на универзитетската лабораторија АМБИКОН, со која Министерството за одбрана воспостави редовна соработка за мониторирање на влијанието на вежбовните активности на Криволак на животната средина, информираат денеска од Министерството за одбрана.

Со цел да се анализира квалитетот на амбиентниот воздух од аспект на концентрација на суспендирани цврсти честички во пошироката зона на полигонот Криволак, во директна соработка со Министерството за одбрана, од страна на универзитетската лабораторија АМБИКОН (акредитирана согласно ISO 17025), во периодот од 14.05.2021 до 01.06.2021, беше воспоставена индикативна мониторинг мрежа во пошироката зона на полигонот Криволак.

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Центарот за управување со кризи денеска во Охридско-струшкиот регион теренски реализираше дел од подготовките за претстојната есенска НАТО вежба „Северна Македонија 2021“.

– На терен се појавува потреба и да се истражи ситуацијата после уривање објекти во Струшко и Охридско, повторно да има уривање за барање и спасување настрадани од катастрофа. Тоа е неминовност за да се спасуваат човечки животи, особено ако има затрупани и заробени во урнатини. Тоа е дел од сценариото на претстојната есенска  НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ во коорганизација на нашиот Центарот за управување со кризи во Охридско-струшкиот регион, којшто е и домаќин на вежбата во име на државата, соопшти ЦУК.

Берлин, 15 јуни 2021 (МИА) – Пандемијата ја зголеми корупцијата во Европска Унија, чии граѓани мораа од време на време да ги користат лични врски за да добијат здравствена заштита, а некои влади ја искористија кризата во своја полза, се наведува во денеска објавеното соопштение од „Транспаренси интернешнл“ (ТИ).

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 40.000 луѓе во 27 земји-членки на ЕУ од октомври до декември 2020 година, покажа дека 29 проценти од луѓето ги користеле личните или семејните врски за да имаат пристап до јавниот здравствен сектор, додека шест отсто од испитаниците изјавиле дека дале мито.

Москва, 15 јуни 2011 (МИА) – Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска оцени дека „темата за размена на затвореници е несоодветна пред самитот Путин-Бајден“.

– Во овој момент е сосема е несоодветно да се зборува за затвореници кои би можеле да бидат разменети меѓу САД и Русија, предупреди портпаролот на Кремљ на денешната прес-конференција.

Будимпешта, 15 јуни 2021 (МИА) – Унгарија денеска го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТ заедницата.

Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и од владеачката партија Фидес, на седницата што директно беше емитувана на телевизија.

Вашингтон, 15 јуни 2021 (МИА) – Американската Влада денеска ќе претстави „национална стратегија“ за борба против внатрешниот тероризам, еден од приоритетите на претседателот Џо Бајден по серијата расистички напади во последните години и нападите врз американскиот Конгрес во јануари.

Насилните домашни екстремисти претставуваат „зголемена закана за земјата во 2021 година“, изјави неименувана висока претставничка на американската администрација.

Нион, 15 јуни 2021 (МИА) – Македонските тимови ги дознаа ривалите во новоформираното фудбалско натпреварување – Конференциската лига на УЕФА.

Шкупи ќе игра со Љапи од Косово, Силекс го доби Петрокуб од Молдавија, додека Струга ќе се сретне со Лиепаја од Летонија.

Back to top button
Close
Close