Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Вакцинацијата на вработените во реалниот сектор, мерењето на надворешната трговија кога станува збор за производи и услуги на ИКТ индустријата, Законот за субвенционирање придонеси при исплата на повисока плата до 6.000 денари, Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, поддршката на преработувачите на пченицата и  намалувањето или укинувањето на парафискални давачки и реформите во даночниот систем, беа темите на денешната редовна месечна седница на Комисијата за јавно-приватно партнерство.

Седницата се одржа во Владата, со неа копретседаваше вицепремиерот Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, заменик министерот за економија Зоран Маневски, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, како и претседателите и извршните директори на четирите најголеми стопански  комори, членки на Платформата за јавно-приватно партнерство: Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на северозападна Македонија и МАСИТ.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за ослободувањето на српските државјани од плаќање на патарина при транзит низ земјава.

Иницијативата ја поднесе адвокатот на коалицијата Абидин Абдули, кој изјави дека сметаат оти оваа владина одлука не е во согласност со законите во нашата земја.

Битола, 28 мај 2021 (МИА)Редакцијата на „Битолски весник“ ја додели годишната награда за новинарска репортажа „Тоде Петревски“ која и припадна на новинарката Анета Блажевска од Битола.

Блажевска, еден од сопствениците на порталот „Апла.мк“,  три децении е во новинарството, работела во повеќе национални и локални медиуми, а во мментов соработува и со порталите „Независен.мк“ и „Зелена берза“.

Велес, 28 мај 2021 (МИА) – Новиот Концепт за образование на Министерството за образование и наука, вчера  беше презентиран пред родителитe и наставниците на општинските основни училишта „Блаже Конески“, „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и во „Стојан Бурчевски Буридан“ во Иванковци. На трибината учествуваа градоначалникот, Аце Коцевски, пратеникот во Собранието на РСМ, Ненад Коциќ и претставници на општинската администрација, информираат денеска од Општина Велес.

Директорите на основните училишта објасниле пред присутните родители и наставници, дека ова е темелна реформа која се прави за подобро, поквалитетно образование на нашите деца.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев уште еднаш нагласи дека од вкупно издадените 61 лиценца, само една е на член на неговото семејство, односно на неговиот прв братучед.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Пристапот на актуелната бугарска влада е конструктивен, посебно во создавање на довербата и во реториката и во чекорите. Сакам да ја охрабрам таа конструктивнст и да одговорам на таа конструктивност со наша конструктивност и се надевам дека во наредните денови и недели ќе правиме чекори кон враќање на довербата, изјави денеска министерот за надворешни Бујар Османи, по настанот организиран во пресрет на Преспа Форум Дијалогот планиран за јули.

-Формално – правно нема никаква пречка Република Бугарија да дозволи организирање на меѓувладина конференција врз основа на веќе донесена политичка одлука од март. Не сакам да ги кренам очекувањата на граѓаните бидејќи во неколку наврати бевме сведоци дека овој процес се покажа како мошне комплексен. Меѓутоа, сè уште сме таму. Јуни е најдобриот прозорец на можности можеби во наредните две години и дека целата енергија и сите карти ги ставаме на јуни како можност за надминување на оваа блокада која е наметната, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање, до каде е процесот на разговори со Бугарија.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Младиот македонски кошаркарски репрезентативец Лука Савичевиќ од следната сезона ќе настапува американската НЦАА лига, откако стана нов член на Универзитетот Источен Мичиген.

-Лука е репрезентативец на Македонија, плејмејкер со одлична визија и чувство за играта. Има добри предиспозиции, височина од 190 сантиметри и дефинитивно е подготвен за следните предизвици бидејќи има интернационално искуство, изјави за тимската интернет страница, тренерот на тимот Стен Хит.

Хаг, 28 мај 2021 (МИА) – Голманот на Холандија, Јаспер Цилесен, е позитивен на коронавирус и нема да патува со националниот тим во тренинг базата во Португалија пред Европското првенство на кое на 21 јуни во Амстердам ги очекува дуелот со македонската репрезентација.

Чуварот на мрежата на шпанскиот прволигаш Валенсија нема симптоми на болеста, а лекарскиот тим на холандскиот состав внимателно ја следи неговата здравствена состојба.

Лондон, 28 мај 2021 (МИА) – Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор поради извршени воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што беше префрлен оваа недела, бидејќи таму има азбест, како и дека не му се почитуваат верските права.

Ќерката на Караџиќ, Соња Јовичевиќ потврди за медиумите во Република Српска дека нејзиниот татко сега се наоѓа в затвор во пошироката околина на Саутемптон, откако претседателот на Хашкиот трибунал, Кармел Агиус, на почетокот на овој месец одлучи дека тој ќе го отслужи остатокот од доживотната затворска казна во Велика Британија.

Москва, 28 мај 2021 (МИА) – Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги нормализира односите со Европската унија, но врз основа на принципот на еднаквост.

-Уште еднаш, сакам да ја потврдам нашата подготвеност за нормализирање на односите со ЕУ, но само доколку на сите им е јасно дека ќе го водиме разговорот врз основа на еднаквост и взаемно почитување, во потрага по рамнотежа на интереси, а не врз основа на еднострани потези и прелиминарни услови, рече министерот Лавров на прес-конференција по средбата со со својот словенечки колега Анже Логар во Москва.

Лондон, 28 мај 2021 (МИА) – Британското здравствено регулаторно тело ја одобри денеска употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата.

Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра Зенека.

 

Back to top button
Close
Close