Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Трифун Котовски, сопственикот на пропадната Еуростандард банка, го повикува Јавното обвиителство да даде предност на истрагата што е поведена и да заврши, како што наведува во повикот до јавниот обвинител, а испратен до медиумите, „овој небулозен процес“.

– Вашето Обвинителство покрена постапка против мене Трифун Костовски со која ми го замрзнавте имотот, поведувајќи истражна постапка против мене и мојот син Коста Костовски за стечајот на Еуростандард банка. Бидете убедени обвинението врз кое ја темелите истражната постапка е нереално и нема никакви допирни точки со вистинското работење на Еуростандард банка и ние како нејзини акционери, наведува Костоски и бара да му го ослободат имотот за, како што вели, да можам да ја води неговата војна за вистината.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, обвинет како еден од организаторите на насилните настани во Сибранието на 27 април 2017 година при својота одбрана во суд, рече дека исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него е невистинит.

– Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот на настанот не сум комуницирал, ниту пак сум го сретнал во просторите на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврди. Во тој период немав никаква партиска функција, не сум имал никаков контакт со структурите на партијата, изјави обвинетиот Спиро Ристовски.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан, го посети Државниот архив и разговараше со директорот Емил Крстески, за текот на соработката на Архивот со институциите на Република Словенија.

Предмет на разговор во рамки на состанокот била и најавената студија за комплетна дигитализација на Државниот архив и сите негови одделенија, како и за динамиката на веќе почнатите процеси во тој контекст.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега 427 535 граѓани  изразиле желба преку веб-платформата vakcinacija.mk.

Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231 014 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11 598 граѓани, а прва доза примиле 2504.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Извозот минатата година, при намалување на извозната побарувачка за нашите стоки и услуги, којшто беше со сличен интензитет како и во текот на глобалната криза во 2009 година, забележа пад од 10,1 отсто. За оваа година се проектира постепено закрепнување на странската побарувачка и раст на извозот од околу 15,2 отсто, што е важно за закрепнувањето на економијата по шокот што ѝ го зададе пандемијата. Впрочем, и податоците за првиот квартал од оваа година упатуваат на солиден раст на извозот.

Ова, како што соопшти Народната банка, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на вебинарот посветен на улогата на монетарната политика во периодот на корона-кризата и на макроекономските проекции за 2021 година, организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД).

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Под мотото „Улици за луѓе“, Град Скопје на 30 мај организира Ден без автомобили, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да се даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор.

-За таа цел, улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“ ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, информира Град Скопје.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Со донесување на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19) се наметна потреба од измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон, кои се имплементирани во Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, кој е објавен во „Службен весник на РСМ бр.110/21 од 19 мај 2021 година.

Измените, како што соопшти Царинската управа се во насока на имплементирање на новото законско начело на пропорционалност, пропишување на глобите во распон наместо досегашниот нивен фиксен износ, со определување на неколку квалифицирани облици на секој од овие прекршоци.

Атина, 28 мај 2021 (МИА) – Одржување на настани на отворено, како што се театарски претстави, концерти, манифестации и сл, но под строги правила и протоколи од денеска е дозволено во Грција, во рамките на постепеното олабавување на мерките, јави дописничката на МИА од Атина.

Исто како и летните кина, така и овие простори ќе работата со 50 отсто од капацитетот и забрането е стоење на посетителите.

Тирана, 28 мај 2021 (МИА) – Во првите четири месеци забележани се позитивни сигнали за заживување на туристичкиот сектор во Албанија, посебно во април.

Државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека 241.015 странски државјани влегле во земјата во април што е 19,8 отсто повеќе од истиот месец минатата година, кога Албанија, како и другите земји беа целосно ставени во карантин, поради пандемијата со Ковид-19.

Прага, 28 мај 2021 (МИА) – Чешките власти од денеска овозможија отворање на рестораните, како дел од ублажувачките мерки против Ковид-19. Тоа го најави министерот за здравство Адам Војтеч.

Тој оцени дека отворањето на угостителските објекти во затворен простор е побрзо од планираното.

Вашингтон, 28 мај 2021 (МИА) Министерот за енергетика на САД, Џенифер Гренхолм, изјави дека не ја поддржува одлуката на Администрацијата на претседателот Џо Бајден да  се омекнат санкциите кон Nord Stream 2 AG, компанијaта оператор на гасоводот „Северeн поток-2“. 

Ова синиќа го објави весникот Вашингтон егземинер. Според Гренхолм, нејзиното министерство не учествувало во консултациите поврзани со омекнувањето на казнените мерки против овој проект. Министерката изјави дека, сепак, таа е против изградбата на гасоводот. 

Москва, 28 мај 2021 (МИА) – Русија е разочарана од одлуката на САД да не се вратат на Договорот за отворено небо, иако таквиот потег беше очекуван, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– САД направија уште една политичка грешка, нанесувајќи му нов удар на европскиот безбедносен систем, истакна Рјабков.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Вкупно 10.395 барања за купување влезници за натпреварите на македонската репрезентација од групната фаза за ЕУРО 2020 пристигнале на адреса на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), но поради лимитираната квота добиена од УЕФА, како и одлуката приоритет да имаат здравствените работници, најголем дел од нив ќе останат без билети.

ФФМ денеска соопшти дека помалку од десет проценти од лицата, кои аплицирале до Федерацијата по електронски пат, ќе добијат билети за Европското првенство.

Back to top button
Close
Close