Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во  Севена Македонија, Албанија и Косово била главната тема на средбата на омбудсманите на трите држави, Насер Зибери, Еринда Баланца и Наим Ќељај.

-Омбудсманите се согласија дека минатата година беше тешка, пред сè од здравствен аспект и дека владите повеќе внимание посветија на заштитата на здравјето на граѓаните, за чија цел донесоа голем број на одлуки, кои на некој начин влијаеа врз слободите и правата, како што е полицискиот час кој ја ограничуваше слободата на движење. Отежнато работеа и голем број на институции и комисии, што директно влијаеше на остварувањето на правата на граѓаните, пред сè на таканаречените ранливи категории на лица-оние кои се во социјален ризик, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Во изминатото деноноќие се регистрирани 53 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.691 тестирања, оздравени се 111 пациенти, а починати се 13 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје се регистрирани 29 случаи, Прилеп – седум, Куманово – четири, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по два,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по еден случај.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти од Скопје – 48, Прилеп – 10, Куманово, Битола и Радовиш – по 8, Кичево – 7,Дебар – 5, Штип – 3, Кавадарци и Ресен – по 2, Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица  – по 1.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Во царинската тарифа, постојат различни видови на нафтени деривати, таканаречени лесни, средни и тешки масла, односно масла за ложење кои уште се нарекуваат мазути. Во процесот на царинење на мазутот, основна функција на Царината е да утврди првенствено дали декларираниот мазут, навистина претставува мазут или пак претставува некој друг вид на масло за горење, информираат од Царинската Управа на Македонија во нивното објаснување во врска со низата вести и информации што изминативе денови се објавуваат во медиумите.

Дополнуваат дека ова е од исклучителна важност, бидејќи во секојдневната пракса, низа увозници сакаат да ги декларираат нивните производи како мазут, наместо како дизел горива, со цел да платат помала акциза, бидејќи мазутот има пониска акциза во однос на другите нафтени деривати. Од тој аспект, како што велат, првенствена контрола на Царинската управа е контрола на фискалниот аспект на нафтените деривати, односно правилна наплата на царинските давачки, ДДВ и акцизата, како и правилно утврдување на царинската вредност.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска ја примил втората доза на вакцината „Синофарм“ и посочува дека се чувствува одлично.

Тој со објава на својот Фејсбук профил ги повика граѓаните кои не се регистрирале на веб страната за вакцинација, тоа да го сторат што побрзо за, како што вели, да постигнеме колективен имунитет.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Владата е подготвена секогаш за реалоцирање буџетски средства, кога се работи за помагање на граѓаните од егзистенционална природа, рече премиерот Зоран Заев, додавајќи дека голем дел од овие средства се враќаат во буџетот.

Заев одговараше на пратеничко прашање на Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара одговор дали има неоткупено грозје и колку вино остана во визбите поради пандемијата.

Атина, 27 мај 2021 (МИА) – Фондот за закрепнување, функционирањето на ЕУ, демократиите во земјите членки, беа дел од темите за кои претседателот на Европарламентот, Давид Сасоли разговараше на средбите со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Сасоли заедно со претседателот на Европскиот совет, вечерва во Атина ќе присуствуваат на манифестацијата по повод 40-годишнината од членството на Грција во Европската унија, а во рамките на неговата посета се сретна со Сакеларопулу и Мицотакис.

Приштина, 27 мај 2021 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти вели дека не верува оти има борци на некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК) кои вршеле воени злосторства, но верува дека „воени злосторници нема само во Србија, туку има и во северно Косово, во Босна, а можеби и во Црна Гора“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Денешната изјава на Курти од говорницата на косовското Собрание беше одговор на прашањето кое му го упати шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија на Косово, Абелард Тахири во врска со неговата изјава за воените злосторници во регионот, дадена на неформалната вечера на лидерите од регионот кај еврокомесарот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Москва, 27 мај 2021 (МИА) – Опозициската група Отворена Русија ја прекинува својата работа поради притисокот од државните органи, изјави нејзиниот претседател Андреј Пивоваров за весникот Комерсант, пренесува ДПА.

Целта на распуштањето на членството беше да се избегнат нови парични казни и кривични постапки, со што ќе се заштитат нејзините приврзаници, рече тој.

Минск, 27 мај 2021 (МИА) – Заканата со бомба, што белоруските власти ја наведуваат како причина за присилното слетување на авионот на „Рајанер“ со белорускиот дисидент Роман Проташевич, била испратена откако била издадена наредбата за приземјување на леталото, соопшти денеска телекомуникациската компанија „Протон технолоџи АГ“.

Белоруските власти во неделата соопштија дека наредиле авион, што летал од Атона кон Вилнус, што во тоа време бил во нејзиниот воздушен простор, да слета во Минск поради закана со бомба од исламистичката група Хамас.

Вашингтон, 27 мај 2021 (МИА) – Американската компанија „Боинг“ ќе плати казна од 17 милиони долари согласно договорот со Федералната управа за воздушен сообраќај (ФАА), бидејќи тој производител на авиони на 759 летала од типот „макс 737“ и „нг“ инсталирал опрема која содржи сензори кои не се одобрени, соопшти денеска ФАА.

Управата за авијација соопшти дека „Боинг“ доставил сертификати за сообраќање на 178 свои авиони од типот „макс 737“, во момент кога тоа летало имало инсталирано неовластена опрема.

Вашингтон, 27 мај 2021 (МИА) – Властите во американската држава Њу Мексико уапсија маж под обвинение за закана со атентат врз американскиот претседател Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен.

Џон Торнтон (39) е обвинет за испраќање пораки со закани дека ќе се справи со сегашниот претседател на САД „за предавство“. Торнтон испраќал закани и до жители надвор од државата.

Милано, 27 мај 2021 (МИА) – Антонио Конте, чие повлекување од Интер беше објавено вчера, најверојатно нема да биде во Серија А следната сезона.

„Calciomercato.com“ пишува дека тренерот и клубот потпишале договор според кој Конте нема да може да води италијанскиот клуб ова лето. Доколку го прекрши овој договор, ќе мора да врати седум милиони евра отштета на Интер.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close