МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 мај 2021

25 мај 2021

Брисел  – Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел, каде учествува на Самитот на Унијата.

– Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува претежно низ Софија и ова треба да биде јасно, изјави Радев.

Скопје – Да се повлече актуелниот Предлог закон за легализација на бесправно изградените објекти, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се изработи ново законско решение во кое точно ќе се прецизира кој и каков објект, како и каде и под кој услови ќе може да се легализира.

Ова се дел од главните заклучоци на онлајн јавната дебата иницирана од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти.

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува законското решение за одење во пензија на 64 години да биде одлокирано во Собранието и да бидат повлечени поднесените 482 амандмани, а за решението за предвремено одење во пензија и можноста за докупување на стажот рече дека оваа година не се работи на тој закон.

-Законското решение со кое се предвидува одење во пензија на мажите и жените на 64 години се наоѓа во Собрание. Го предожија пратениците и во измиантиот период имааше 482 амандмани. Ова е системски закон кој според моите сознанија ќе биде деблокиран и дека ќе продолжи собраниската процедура, односно дека ќе бидат повлечени амандманите, рече Шахпакса.

Скопје – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Република Полска се сретна со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион.

На разговорот, како што соопшти МНР, во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и притоа Османи ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што Полска ни ја дава во процес на проширувањето на ЕУ. Беше истакнато дека остануваме посветени на доследна имплементација на реформската агенда, како и на активностите за унапредување на добрососедските односи, со посебен фокус врз Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка и отстранување на постоечките разлики.

Скопје – Министерството за транспорт и врски соопшти дека ги почна консултацииите со релевантните институции и асоцијации во однос на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Министерот Благој Бочварски денеска имаше работна средби со Асоцијацијата на архитекти, а  учествуваше и на дебатата за овој закон што ја организираше Антокорупциската комисија.

Министерството информира дека на средбите се разговараше за измени и дополување на Законот во насока на подобрување на делови од законското решение и ставање во правна рамка на нелегалните објекти пред повторно Законот да се разгледува во Собранието и дека биле понудени дополнителни предлози на законското решение со цел подбрување на условите за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти.

Скопје – Директорот на АД МЕПСО Куштрим Рамадани денеска истакна дека побарале скоро двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го вршат.

– Побаравме зголемување на цената. Но, кога ќе видиме дека уделот на МЕПСО во сметка платена од крајни клиенти е некаде околу 3,5 проценти, односно во една сметка од 1000 денари за МЕПСО плаќаат само 35 денари. Сите приходи од сметките во однос на преносот се инвестираат на вистинското место затоа што имаме далекуводи кои се од 50-тите и 60-тите години и треба да се модернизираат. Побаравме скоро двојно зголемување. Ако тие досега на сметка од 1000 денари плаќаат 35 денари, ние побаравме сега да платат по 60-70 денари, рече Рамадани.

Скопје – Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е добитник на годинешната награда за најдобра истражувачка сторија помеѓу трите новинарски награди „Никола Младенов 2020“ кои ги додели Македонскиот институт за медиуми. Најиновативен новинарски производ во 2020-та година имаше новинарот Александар Манасиев, а најдобрата репортерска фотографија, според МИМ, ја направи фоторепортерката Арбнора Мехмети.

Скопје – Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31 мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни  пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година. 

Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат 

Тирана – Стотици албански граѓани и денеска се упатија кон соседна Грција, каде ќе да бидат ангажирани како сезонски работници.

-На преминот Капштица кај Корча, за влез се чека со часови. Оние кои минуваат на овој премин мора да имаат со себе негативен резултат на тест за Ковид-19 и договор за вработување од грчки работодавец, пренесува Ора њуз.

Париз – Собирачите на отпадоци и работниците за одржувањето на канализациите во француската престолнина се мобилизираа за да го зачуваат својот статус загрозен од реформата на трансформацијата на јавниот сервис и преминот на 35 часовна работна недела. Во рамките на нивната мобилизација е и окупацијата на градското собрание, јави дописникот на МИА.

Окупацијата закажана за неопределено време, беше продолжена на крајот на утрото по дискусиите меѓу синдикатите и градското собрание. Позицијата на синдикатите е јасна: „ниту една минута повеќе“ на работа. Минатата недела се одржаа веќе демонстрации пред градското собрание,. Сега е направен нов чекор со заземање на дворот, но и активирање на димни бомби од покривот на градското собрание.

Вашингтон – САД дозволуваат американските граѓани кои останале во трети земји поради пандемијата и чии патни документи се со истечен рок, да се вратат дома со истите документи, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

– Благосостојбата и безбедноста на нашите граѓани е највисок приоритет на Стејт департментот. За да се намалат тешкотиите при патување и досега невидените редици создадени од глобалната Ковид-19 пандемија, работиме заедно со Министерството за внатрешна безбедност на олеснување на враќањето на американските граѓани во САД, се вели во соопштението.

Скопје – Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев истакна денеска дека нивната политика кон Северна Македонија е доследна и оти предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива.

-Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина. Тој мониторинг од страна на ЕУ е гаранцијата дека билатералните договори што се потпишани и кои претстои да бидат потпишани, ќе бидат исполнувани. Тоа е тактиката, стратегијата. Ние очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република С Македонија, рече Стоев.

Минск – Белоруското Министерство за транспорт денеска објави транскрипт од разговорот меѓу контролата на летот и пилотот на Рајанер, кој принудно го спушти авионот во Минск, поради, како што се покажа, лажна дојава за бомба.

За време на овој инцидент, што предизвика меѓународна осуда и санкции против земјата, Белорусија го уапси новинарот и опозиционер Роман Протасевич, кој патувал од Атина до Вилнус со авионот на Рајанер.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close