МИА Флеш

МИА Флеш

17 мај 2021 

17 мај 2021 

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски учествува на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија, на кој, како што напиша на својот фејсбук-профил, со претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, разговараат за справувување со последиците од пандемијата и економско закрепнување на регионот на Западен Балкан.

-Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа. Историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Регионалната соработка е клучна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Скопје – Премиерот Зоран Заев на покана на компанијата „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“, денеска присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на овие компании кои се дел од Групацијата М6.

На настанот, на кој покрај менаџерите од овие компании, присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, беше поздравено што во услови на криза предизвикана од пандемијата од Ковид-19, „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“ преку групацијата М6 продолжија со инвестицискиот циклус во нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес.

Велес – Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на лозовиот насад Тиквеш кај месноста „Бабуна“ во Велес, изјави дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, во одговор на новинарско прашање во врска со продажбата на земјоделско земјиште и најавите од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира законот.

Скопје – Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата, истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој преку видео-врска се обрати на 30 – тата сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Скопје –  Актуелните состојби и прашања како и активностите од работата и надлежностите на Народниот правобранител, биле тема на рзаговор меѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, и Народниот правобранител Насер Зибери на денешната средбата по повод предавањето на Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител за 2020 година.

Скопје – Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на редовното заседание на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, на кое, согласно агендата, ќе се разговара за стратешкото воено планирање и адаптацијата на НАТО до 2030 година, операциите, мисиите и активностите на НАТО.

Битола – Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола на подрачјето на Националнио парк „Пелистер“ одржа показна вежба за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор.Показната вежба е во рамки на меѓународен проект за прекугранична соработка со соседна Грција.

-Главна цел на проектот е подобрување на заштитата на населението од елементарни природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор. Денешната вежба беше демонстрација на извлекување на жртви при лизгање на земјиште, а целта за нејзино одржување е подигнување на свеста на релевантните чинители и населението од двата прекугранични региони, мерки за заштита од прирдони непогоди и непогоди предизвикани од човечки фактор, како и зголемување на готовноста за реагирање на населението и релевантните чинители при вакви или слични случаи на итност, информираа од ЦРППР-Битола.

Скопје – Состанок како дел од работата за реформата на Собранискиот канал и унапредувањето на парламентарното емитување, конкретно за разгледување на нацрт Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието се одржа денеска во Законодавниот дом.

На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, биле присутни членовите на Управувачкиот совет на Проектот за парламентарна поддршка односно, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и генералната секретарка на Собранието.

Приштина – Косовската полиција денеска заплени 400 килограми дрога кокаин во камион натоварен со месо, што пристигнал во градот Липљан, а допатувал во земјата од пристаништето Драч во Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според неофицијални полициски извори на кои се повикуваат косовските медиуми, операцијата за заплена на ова огромно количество дрога, е спроведена во координирана акција на полициите на Италија, Албанија и Косово, а по информации добиени од американската ДЕА.

Љубљана  – Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, кој траел подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна.

На состанокот, кој се одржа зад затворени врати, односно без медиуми, присуствуваа македонскиот претседател Стево Пендаровски, српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот Зоран Милановиќ, албанскиот Илир Мета, црногорскиот Мило ukукановиќ, членовите на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ,  и претседателката на Косово Вјоса Османи.

Љубљана – Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени како добра денешната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, која траеше подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна.

– Добар состанок и она што е најважно и за што постои консензус е дека целиот регион се наоѓа на европскиот пат и оти треба заедно да работиме во таа насока, посочи Вучиќ преку Инстаграм.

– Многу добри работи има во заклучоците, а дали можевме за сè да се договориме – секако дека не можевме, објасни српскиот претседател.

Букурешт – Рибарски брод утрово исчезна во Црно Море, а во близина на романскиот град Тулча пронајдени се безживотните тела на тројца членови на екипажот.

На бродот имало пет луѓе.

Москва – Во рускиот северозападен регион Коми дојде до излевање сто тони нафта од нафтовод, а девет тони нафта се излеаја во локална река, изјави денеска директорот на Федералната служба за надзор над природните ресурси – Росприроднадзор.

„Пронајдена е нафтена дамка што тече по реката Колва“, напиша официјалниот претставник Светлана Радионова на социјалните мрежи.

Париз – Франција, Германија и Шпанија денеска соопштија дека постигнале договор за идниот воздухопловен борбен систем (SCAF), што се очекува во 2027 година.

„Разговорите … во последните месеци овозможија да се постигне избалансиран договор меѓу различните партнери за следната фаза од програмата“, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за одбрана на трите земји.

Рамалах – На социјалните мрежи се појави видео од ракетирањето на Појасот Газа при што се тврди дека Израел истрелал фосфорна бомба.

На видеото објавено на Твитер се гладаат два чада од местото на нападот, црн и бел, за што се тврди дека е фрлена фосфорна бомба, што е  забранета со Женевската конвенција од 1980 година.

Техеран  – Иран и САД сè уште не ги приближиле ставовите во разговорите за спас на Договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година, објави денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Дипломатите кои преговараат во Виена се надеваат дека ќе се договорат за планот за укинување на американските санкции кон кон Иран и за ограничување на нуклеарната програма на Техеран.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close