Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК)  денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопштија од ОЈО ГОКК.

На обвинетиот Н.Г. според известувањето на обвинителството му се става на товар дека сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ,  а обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ, додека С.М. е обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Претседателот на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски смета дека е неправедно доколку финансиска поддршка добијат само  угостителските објекти чија примарна дејност е служење храна и пијалоци.

Во одговор на новинарско прашање, Јосифовски нагласи дека сите угостителски објекти, без разлика дали нивната примарна дејност е угостителството или не, биле затворени со владината одлука од 5 април.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, придружуван од вцепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, како прв македонски премиер во посета на оваа земја, оствари средба со претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Љоп Куенка, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев на средбата ја изразил благодарноста на Владата и на народот на Северна Македонија за поддршката што Шпанија ја давала постојано на евроатланскиот пат на нашата земја и која и во овој актуелен миг доаѓа до израз и со поддршката во процесот за пристапување во членство во ЕУ.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА)- Сертификат „Чисто и безбедно“ за угостителите кои ќе ги применуваат протоколите за работа ќе издава Независната угостителска комора. Добивањето на таканаречениот „златен сертификат“ со којшто се гарантира Ковид безбедна зона е верификација на сите протоколи направени од страна на Комисијата за заразни болести.

– За добивање на сертификатот од поканети 40 фирми, 11 се регистрирале во Комората, информираше денеска претседателот на НУК, Здравко Јосифовски на презентацијата на првиот уред увезен во државава- „Blueair Health Protect“, кој освен што го прочистува воздухот, целосно ќе го отстранува коронавирусот во затворени простории.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение информираше дека има целосна поддршка од меѓународните синдикални организации за активностите што ги презема за заштита на работниците во услови на пандемија.

До ССМ испратен е заеднички допис од генералниот секретар на ИТУЦ Шаран Бароу и генералниот секретар на ЕТУЦ Лука Висентини кои ги поздравуваат ангажманот на ССМ и барањата по повод Меѓународниот ден на трудот.

Берово, 12 мај 2021 (МИА) –  Во тек потрага по Александар Черговски, 39 – годишно исчезнато лице од Берово. За Черговски кој живее и работи во Германија, семејството информира дека при последниот телефонски повик кој го имале со својот син тој им кажал дека тргнал од Германија за Македонија, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

-Исчезна нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар Мали Радио МК. Имено тој од Германија е излезен на 18.02 2021 год со цел да дојде во својот дом во Берово. Последна информација е дека ја преминува македонската граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници, односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага, информираат од семејството на Александар кое живее во Берлин.

Брисел, 12 мај 2021 (МИА) –  Европската унија мора да признае дека земјите од Западен Балкан кои се стремат кон членство ја губат вербата во долгорочната стратегија за проширување на Брисел, влошена од првичниот неуспех на унијата да обезбеди вакцини против Ковид-19. Тоа се нагласува во внатрешен документ во кој имале увид западни новински агенции.

„Треба да признаеме дека и покрај постојаната посветеност кон интеграцијата во ЕУ … луѓето во регионот доживуваат чувство на длабоко разочарување во процесот на проширување“, се вели во документот со датум од 5 мај од официјални претставници на ЕУ и испратен до 27-те министерства за надворешни работи на ЕУ.

Софија, 12 мај 2021 (МИА) – При преземањето на функцијата, времениот министер за одбрана на Бугарија Георги Панајотов истакна дека главната задача на времената влада е организирање и одржување на предвремените парламентарни избори на 11 јули.

– Живееме во време на тектонски геополитички поместувања. Во такви времиња, армијата мора да биде силна, истакна Панајотов.

Анкара, 12 мај 2021 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин телефонски разговараа за неодамнешните израелски напади врз палестинскиот народ, но и за испораката на вакцината Спутник В, објавија турските медиуми.

Ердоган истакна дека Турција остро се спротивставува на израелските напади врз Ерусалим, Појасот Газа, џамијата Ал-Акса и Палестинците, а меѓународната заедница мора да го запре Израел и строго да го предупреди.

Брисел, 12 мај 2021 (МИА) – Судски спор против Европската комисија доби американскиот гигант за електронска трговија, Амазон,  врз основа на претставка поврзана со наредбата на Комисијата да му плати на Луксембург разлика од 250 милиони евра на име даночно олеснување.

Општиот суд на ЕУ оцени дека ЕК не докажала дека Луксембург, во кој се наоѓа европскиот огранок на Амазон, и дал на американската компанија нелегална предност во однос на даноци.

Будимпешта, 12 мај 2021 (МИА) – Иако гладот не е голем проблем во Европа и Централна Азија во последните 20 години, регионот делумно се соочува со зголемување на умерена несигурност во храната (што подразбира нередовен пристап до хранлива и доволна храна), истовремено справувајќи се со распространет брз раст на дебелината, соопшти ФАО.

Како што истакнува Организацијата за храна и земјоделство на ОН, намалувањето на трошоците за здрава исхрана може да биде клучно за постигнување подобра исхрана и одржливост.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Спортскиот директор на Кошаркарската федерација на С Македонија, Тодор Гечевски, ја отвори денешната прес-конференција за завршницата од Купот во машка конкуренција со посвета. Посвета кон оној чие име од ова издание ќе го носи националниот Куп – Благоја Георгиевски Буштур.

– Периодот што измина беше еден тежок за кошарката во Македонија. Изгубивме доста видни личности кои придонесоа за развој на кошарката и она што сме ние денеска, и кошаркари и кошаркарски работници. Од сите имиња кои ги изгубивме, едно име се издвојува, тоа е името на големиот кошаркар, тренер, спортски работник и на крајот еден голем човек – Благоја Георгиевски Буштур. Ние како раководство на федерацијата едногласно одлучивме дека неговото име треба да биде запишано во историјата, но и во иднината на македонската кошарка, па затоа се договоривме дека во иднина Купот на Македонија ќе го носи неговото име. Наша чест и обврска е да се запамети неговото име, да остане во сеќавањата на сите, да остане како пример на сегашните работници и да остане на едни идни генерации кои следејќи го неговиот пример ќе направат се за да македонската кошарка биде се поголема и поквалитетна, потенцира Гечевски.

Back to top button
Close
Close