МИА Флеш

МИА Флеш

6 март 2020 

6 март 2020 

Скопје – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на сметките на 26 баратели исплати 82.832,825,00 денари за амортизирани несилки заклани во кланичен капацитет.

Директорот на (АФПЗРР), Николче Бабовски информира дека станува збор за мерката „Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во преработувачки капацитет“. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат одгледани и прeдадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2018 до 30 септември 2019 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Висината на директните плаќања изнесува 125 денари по несилка.

Скопје – Коалицијата МАРГИНИ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ, со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија започнаа кампања за промоција на Законот за бесплатна правна помош за граѓаните кои немаат доволно средства да започнат правна постапка за остварување на своите права.

Кампањата со слоган „Не се откажувај, барај правда!“ ги повикува граѓаните да побараат заштита на своите права и остварување на правда по институционален пат.

Скопје – Судењето за случајот „Рекет“ денеска продолжи во Кривичниот суд со сведочење на Александар Радуловиќ, сопруг на познатата авторка на песни Марина Туцаковиќ.

Радуловиќ кој сведочи на предлог на одбрана на првообвинетиот Бојан Јовановски, рече дека го познава Боки 13 и неговото семејство повеќе од 12 години. Кажа дека на почетокот односот бил на професионална основа, а со текот на времето се претворил во пријателство. Заедно оделе на одмори, викенди, а Боки бил чест гостин кај нив во Белград.

Скопје – Со изведување докази, односно презентација на снимка од собраниската надзорна расправа за уривањето на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски, денеска продолжи судењето за  предметот „ТНТ“ кој го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми.

Пред почетокот на рочиштето, претседателот на судечкиот совет Ставрев прочита меил од докторката која го прегледала обвинетиот Тони Трајковски за кого потврдува дека е во добра здравствена состојба и дека може да го следи судењето.

Скопје – Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), до политичките партии и државниот врв достави иницијатива за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација. Целта на иницијативата е да ги поттикне политичките партии во рамки на своите предизборни активности да стават акцент на дигитализацијата, односно да се обврзат на заедничко, брзо и ефикасно спроведување на овој процес од интерес на граѓаните.

Дигитализацијата, порачуваат од ИДУЕП, е процес кој веќе го одбележува 21 век. Во нашата држава, додаваат, подолг временски период се спроведуваат одредени процеси кои треба да водат кон целосна дигитализација на општеството, но се одвиваат со недоволно брза динамика. Очекуваат сите политички партии да се обврзат да ги предвидат за почеток на приоритетна и интензивна реализација и ги поттикнуваат партиите тоа да го нагласат и во своите платформи, програми, како и јавни настапи во предизборието.

Скопје – Веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста, информираа  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Регистарот моментно го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици.

Од ЗНМ и СЕММ потсетуваат дека главни критериуми кои треба да ги исполнат онлајн медиумите за да станат дел од Регистарот се: транспарентно сопствеништво, објавен импресум, почитување на стандардите на Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ, објавените текстови да се потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со Законот за заштита на авторски права.

Тетово – Движењето Антикоцкање од Тетово  во знак на незадоволство што нема измени во Законот за игри на среќа најави дека ќе го блокира сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје. Тоа, според нив, ќе се направи на денот кога ќе почне предизборната кампања.

-Ги информираме граѓаните и граѓанските здруженија дека на денот кога почнува предизборната кампања Движењето ќе го блокира одвивањето на сообраќајот на автопатот кон Скопје, кај патарината кај Желино од 10 часот, истакна на прес-конференција, Џемал Абдиу, претставник на Движењето „Антикоцкање“.

Скопје – Првите девет од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска пристигнале, кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на оваа општина.

– Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота и да обезбедат здрава и чиста животна средина во општината. За секое рециклирано шише жителите на општина Центар кои ќе се вклучат во овој процес ќе добијат 1,5 денари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините. Со оваа картичка тие ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и слично или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието, информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Скопје – Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело „Убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинителството со поднесување на обвинението во Основниот суд Велес достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор на обвинетото лице,  бидејќи се уште постојат основите поради кои е определен.

– Обвинетиот на 11 октомври лани околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа во Богданци со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот со кој заедно дента консумиралe алкохол.  Обвинетиот го удрил оштетениот со тупаница во задниот дел на главата, па откако го турнал на земја, подигнал  дрвен стол  и неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од ударите му нанесол тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Загреб – Владите на земјите од ЕУ денеска ќе разгледуваат дали ќе обезбедат повеќе пари за бегалците, но нема да прифатат Турција да ги користи мигрантите како средство за преговарање, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Тој, пристигнувајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Загреб, истакна пред новинарите дека Турција носи голем товар и ЕУ мора тоа да го разбере.

Ватикан – Ватикан го пријави првиот случај на новиот коронавирус, а заразен е член на медицинскиот персонал.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни изјави дека случајот е откриен вчера и оти амбулантните служби во клиниките во Ватикан се затворени за да бидат стерилизирани.

Ватикан ги известил и италијанските здравствени служби.

Париз – Пленарната мартовска сесија на Европскиот парламент ќе се одржи во Брисел, наместо во Стразбур, поради коронавирусот, јави дописникот на МИА.

– Добив прецизен медицински извештај за ширењето на Ковид-19, во кој се известува дека здравствените ризици се сметаат за значително поголеми доколку пленарната седница на Собранието се одржи во Стразбур. Пленарната сесија ќе се одржи во Брисел, истакна претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Тирана – Соединетите Американски Држави ќе и доделат на Албанија 800.000 долари, за санирање на оштетувањата на неколку објекти со културно – историска вредност, погодени од катастрофалниот земјотрес на 26 ноември минатата година.

Објавувајќи ја веста на Твитер, по средбата со министерката за култура Елва Маргарити, американската амбасадорка во Тирана Јури Ким, напиша „САД секогаш ќе бидат во поддршка на Албанија“.

Белград – Српската премиерка Ана Брнабиќ, денеска одржа состанок на кој беше запознаена со актуелната состојба во однос на движењата на мигрантите и координацијата на работата на државните органи.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на состанокот истакнато е дека нема зголемен притисок на мигранти на границите на Србија, дека состојбата на границите на Турција и Грција се стабилизира, истакнувајќи дека бројот на мигранти е на исто ниво како и во претходните месеци, соопштија од српската влада..

Белград – Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар на вонредна прес-конференција денеска изјави дека во Србија е регистриран првиот случај на новиот коронавирус.

Лончар објасни дека станува збор за маж на возраст од 43 години од Суботица, кој неколку пати бил во Будимпешта и ги имал сите знаци кои биле слични на коронавирус или вирусна пневмонија. Пациентот се чувствува добро и нема никакви проблеми, информира Лончар.

Тунис – Во близина на американската амбасада во Тунис денеска е извршен самоубиствен бомбашки напад.

Според локалните медиуми, напаѓачот го активирал експлозивот што го носел на себе додека управувал со мотор, насочувајќи го кон безбедносната патрола на патот, кој води кон дипломатското претставништво на САД.

Кабул – Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во ракетен напад врз учесници на церемонија во Кабул, меѓу кои бил и авганистанскиот премиер Абдул Абдул.

Портпаролот на Абудл соопшти дека премиерот не е повреден.

Талибанците негираат дека се одговорни за нападот врз учесниците на церемонијата во чест на локалниот лидер на Хазарите, Абдул Али Мазари, кој беше убиен во 1995 година.

Кабул – Врз учесниците на церемонија во Кабул, меѓу кои бил и авганистанскиот премиер Абдул Абдул, денеска е фрлена граната при што се повредени 11 лица.

Портпаролот на Абудл соопшти дека премиерот не е повреден.

Талибанците негираат одговорност за нападот врз учесниците на церемонијата во чест на локалниот лидер на Хазарите, Абдул Али Мазари, кој беше убиен во 1995 година.

Back to top button
Close
Close