4 март 2020

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес, на која било разговарано за можностите за соработка меѓу двете држави по воспоставувањето на дипломатските односи во август 2019 година.

Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Република Северна Македонија е подготвена за развој на соработката со Република Кипар во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја економската соработка, трговската размена и инвестициите.

Брисел, 4 март 2020 (МИА) – Европската Комисија соопшти денеска дека на земјите членки ќе им предложи акциски план за поддршка на Грција во справувањето со кризата која се одвива на нејзината граница со Турција, јави дописничката на МИА.

Ова најава доаѓа еден ден по посетата на претседателите на ЕУ институциите во Грција и Бугарија, кои се соочуваат со нереди на нивните граници откако Турција одлучи дека нема повеќе да ги задржува бегалците на своја територија и покрај договорот со ЕУ.

Приштина, 4 март 2020 (МИА) – Седницата на Собранието на Косово, која ја побара претседателот на државата Хашим Тачи со цел да ги информира пратениците за неговите средби и разговори за време на последната неколкудневна посета на Вашингтон, денеска нема да се одржи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повикувајќи се на уставната одредба која му дава право да им се обрати на пратениците, Тачи по писмен пат побара од парламентарната спикерка Вјоса Османи да свика пленарна седница за денеска во 16 часот, меѓутоа досега не доби официјален одговор.

Анкара, 4 март 2020 (МИА) – Високиот претставник на Европоската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека имал долги и позитивни разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој побарал од него да не охрабрува понатамошното движење на бегалците и мигрантите кон европските граници.

Борел му рекол на Ердоган дека сегашните случувања по европските граници се неприфатливи.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.

Лајпциг, 4 март 2020 (МИА) – Фондот „Истражувачко новинарство за Европа“ (ИЈ4ЕУ) во 2020 година ќе додели еден милион евра за прекугранични проекти на истражувачкото новинарство во земјите членки на ЕУ и земјите кандидати, објавија денеска организациите кои управуваат со Фондот.

Брисел, 4 март 2020 (МИА) – Европската комисија претстави денеска неколку предлози за справување со кризата на грчко-турската граница. Се предвидува тие предлози да бидат разгледани во текот на денот на седница на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.

ЕК предлага Фронтекс да преземе операции за брзо враќање од Грција на мигрантите кои немаат право на престој во таа држава, Тоа го изјави заменикот претседател на ЕК, Маргаритис Схинас.

Виница, 4 март 2019 (МИА) – Локалната самоуправа на Виница и општинската Организација на резервните воени старешини денеска беа организатори комеморативната свеченост по повод 19-годишнината од загинувањето на капетанот на АРМ, Кирчо Димитриов кој беше првата жртва на македонските одбранбени сили во конфликтот од 2001 година.

Токио, 4 март 2020 (МИА) – Корпорацијата Тојота објави дека продажбата во Кина во февруари година е намалена за 70,2 отсто во споредба со февруари 2019 година.

Падот на продажбата на автомобили на Тојота е поради појавата и ширењето на новиот коронавирус.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Кисела Вода и Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, по известување од ЕВН, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Андон Димитров бр. 78, бр. 80, бр. 82 и бр. 84. во Oпштина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците: Алжирска, Дрезденска, Анкарска и Римска во Општина Карпош.

Тетово, 4 март 2020 (МИА) – Општина Тетово денеска ја организираше првата форумска сесија во рамки на „Проектниот форум“ – активност во која се вклучуваат граѓаните со цел, заеднички со локалната самоуправа да одлучат кои инфраструктурни проекти да се финансираат со 50 илјади швајцарски франци, грант од Швајцарска агенција за развој и соработка. Предвидени се пет вакви средби.

Брисел, 4 март 2020 (МИА) – Климатската активистка, Грета Тунберг, која учествуваше на седницата на Европската комисија на која се усвои првиот европски климатски закон, изјави дека овој закон не е доволен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тунберг, по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се упати кон Европскиот Парламент каде дебатираше со европратениците од комисијата за животна средина. Заедно со други активисти таа објави и колумна на сајтот „Carbon brief“.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close