4 март 2020

Брисел, 4 март 2020 (МИА) – Европските институции потврдија дека е детектиран првиот потврден случај на заразен со коронавирус во Европската агенција за одбрана (ЕДА), јави дописничката на МИА.

Информацијата прв ја објави Еурактив и е потврдена утрово од страна на прес-службите на ЕДА.

Анкара, 4 март 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува во сириската провинција Идлиб да биде прогласено примирје по неговиот утрешен состанок со рускиот колега Владимир Путин.

– Што се однесува до преговорите, очекуваме да се прогласи прекин на огнот, истакна Ердоган.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Патниците со авионите на „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава.

– Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Законот за безбедност и здравје при работа во изминатите 12 години не ги даде очекуваните резултати. Бројот на несреќи и смртни случаи на работното место не се намали. Потребна е негова вистинска имплементација во реалноста и подигнување на свеста кај сите работници и компании за важноста од ова прашање, порачаа учесниците на дводневниот регионален форум што се одржува во Скопје.

Согласни се дека е потребно да се направи исчекор во законската регулатива, како и да се изгради база на податоци која ќе дава точни информации за случените несреќи или смртни случаи на работното место. Најважна е соработката меѓу работниците и работодавачите кои заеднички треба да се посветат на самата имлементација на законот.

Загреб, 4 март 2020 (МИА) – Хрватската полиција ќе испрати уште еден полициски патролен брод во Егејското море, како помош за грчката крајбрежна стража во справувањето со новиот бран мигранти.

Како што јави дописникот на МИА, хрватските власти се решиле на ваков чекор по последната ескалација на состојбата на границата и очигледната помош што и е потребна на Грција. Началникот на хрватската полиција Никола Милин изјави дека во оваа фаза тие се сконцентрирани во обидите директно да им помогнат на грчките гранични служби.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – За поседувањето документи за кои смета дека е можно да се поврзани со шпионажа и дали во врска со нив ја контактирало Обвинителството, пратеничката Фросина Ременски денеска изјави дека нив не ги чува дома, туку документите, рече, се на место на кое треба да се чуваат.

Во изјава за медиумите по состанокот во Антикорупциска, пратеничката на СДСМ рече дека се чувствува предадено од интересот на јавноста да слушне за многу важни прашања, а не пројавила интерес во изминатата година, туку повеќе се интересирала, како што рече, „за некои споредни и небитни прашања во контекст на судски процес и во контекст на луѓе“.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Полска, Летонија, Литванија и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска се сретнаa со шефот на дипломатијата Никола Димитров, при што истакнаа дека ја поддржуваат Република Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович на заедничката прес-конференција истакна дека ги ценат напорите што ги преземаат македонските власти во спроведувањето на реформите.

Лимасол, 4 март 2020 (МИА) – Францускиот „Шарл Де Гол“, најголемиот носач на авиони во Европа, се вкотви во пристаништето Лимасол во Кипар.

Фотографиите од овој масивен брод се импресивни во секоја смисла и испраќаат порака за најсилна можна соработка меѓу Франција и Националната гарда на Кипар, јави грчкиот портал Грик Репортер (Greek Reporter).

Тетово, 4 март 2020 (МИА) – Деветнаесетгодишник од Тетово кој беше приведен поради сомнение за полов напад врз 14-годишно девојче, доби 30 дена притвор. Во текот на вчерашниот ден мерката ја определил судија во претходна постапка при Основниот суд Тетово.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – По извештајот на Европската комисија во кој беа позитивно оценети реформите во правосудството, добивме позитивен извештај и од Делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија која ја посети Северна Македонија во февруари годинава, соопшти Министерството за правда.

Од последната посета во мај 2019 година, известувачот констатирал дека Северна Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите за пристап во ЕУ.

Приштина, 4 март 2020 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи ѝ се обрати на претседателката на Собранието Вјоса Османи, со писмо во кое бара да свика пленарна седница за денеска во 16 часот, со цел да им се обрати на пратениците, јави дописникот на МИА од Приштина.

Денешното писмо на Тачи уследи по вчерашното барање од страна на секретарот на неговиот кабинет до секретарот на Собранието на Косово, во кое се бара од Собранието да организира седница на која Тачи ќе ги информира пратениците за неговите средби за време на последната неколкудневна посета на Вашингтон.

Back to top button
Close
Close