3 март 2020

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и со претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи ќе ги набљудува претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.

Белград, 3 март 2020 (МИА) – Лидерот на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ, денеска ги повика армијата и полицијата да ја преземат власта во земјата и да ги заштитат границите од мигрантите, и, како што рече, да се изолира претседателот Александар Вучиќ, бидејќи, според него, тој станал безбедносна закана поради политиката што ја спроведува кон мигрантите.

Загреб, 3 март 2020 (МИА) – Хрватската војска е подготвена да и помогне на полицијата во заштита на хрватските граници, изјави министерот за одбрана, Дамир Крстичевиќ по најава за нов мигрантски бран и критична ситуација на грчко-турската граница.

Крстичевиќ истакна дека му наредил на началникот на Генералштабот да се подготват сите потребни планови и додаде дека армијата има оперативни планови за помош на полицијата во заштита на границите.

Пекинг, 3 март 2020 (МИА) – Четирите кинески провинции Јунан, Гуангдонг, Шанси и Гуиџо вчера го намалија нивото на итни мерки воведени поради новиот коронавирус, соопштија денеска локалните здравствени власти.

Јунан и Гуиџо го намалија нивото на итни мерки од прво на трето ниво, додека Гуангдонг и Шанси го намалија нивото на итни мерки на второ ниво.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Забрзаната постапка за добивање работна виза за Германија што ја овозможува новиот Закон за доселување стручни лица, кој стапи во сила од 1-ви март, е можна само со признаена квалификација од германските надлежни служби и конкретна понуда за работно место од германски работодавач.

Дамаск, 3 март 2020 (МИА) – Сирискиот претседател Башар ал Асад закажа парламентарни избори во земјата на 13 април, соопшти пресслужбата на сирискиот лидер.

– Изборите за членови на сирискиот парламент се закажани за понеделник, 13 април 2020 година, се наведува во соопштението на Асад.

Париз, 3 март 2020 (МИА) – За општинските избори во Франција, што ќе се одржат на 15 и 22 ма, поднесени се 20.765 листи со 902.465 кандидати. Бројот на кандидатурите е малку намален во однос на 2014 година, додека 106 општини немаат ниту листа на кандидати, ниту кандидати, јави дописникот на МИА.

Министерството за внатрешни работи на Франција наведе дека бројот на кандидатите е намален за три отсто во однос на 2014 година поради намалувањето на бројот на општините за приближно пет проценти. Сто и шест општини немаат ниту листа, ниту кандидат, 102 се со помалку од 1.000 жители (во споредба ги имаше 61 во 2014 година) и четири во градови со повеќе од 1.000 жители (наспроти еден во 2014 година).

Москва, 3 март 2020 (МИА) – Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека Владата ги замрзнала неговите банкарски сметки, како и сметките на неговата сопруга, двете деца и родителите.

Тој истакна дека биле замрзнати сметките и на директорот на неговата непрофитна Фондација за борба против корупцијата Иван Жданов, како и на членовите на семејството Жданов.

Тирана, 3 март 2020 (МИА) – Надлежните здравствени служби во приморскиот град Валона соопштија дека се испитуваат три сомнителни случаи на Ковид-19.
Станува збор за лица кои пристигнале од Италија.

– Беа шест патници за кои постоеше сомнеж дека се заразени со коронавирусот. Трите лица по направените прегледи резултираше дека не се носители на овој вирус, додека за другите три лица како сомнителни, според симптомите, испратени се мостри за испитување во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Тирана, изјавија за телевизијата „Ора њуз“ одговорните во регионалната болница во Валона.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, Република Летонија, Едгарс Ринкевич, на Република Литванија, Линас Линкевичиус и заменик министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмер, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска и утре се во посета на Република Северна Македонија, во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Back to top button
Close
Close