3 март 2020

Берлин, 3 март 2020 (МИА) – Илјадниците бегалци и мигранти кои се натрупаа на границата меѓу Турција и Грција не можат да влезат во Европската унија, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.

-На надворешната граница на ЕУ со Турција, по копно и по море, преживуваме ситуација која предизвикува сериозна загриженост. Гледаме бегалци и мигранти, на кои турската страна им кажала дека патот за ЕУ им е отворен, што, се разбира, не е точно, подвлече Зајберт.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Тренд во регионот и во светот е растот на женското претприемништво, но она што е карактеристично е што тоа бавно расте и главно е фокусирано во делот на микро и малите претпријатија. Причините за тоа се што жените најчесто влегуваат во бизнис од потреба и што сакаат да воспостават баланс меѓу професионалниот и приватниот живот.

Во земјава, бројот на жени претприемачи се движи околу 30 проценти и најчесто ги има во услужните дејности. Застапени се во микро и малите претпријатија кои имаат мал обрт и профит. Нивниот вкупен обрт изнесува едвај 10 проценти во вкупниот обрт што го прават компаниите во државата.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Компанијата „Аутомакедонија“ е избрана да изврши набавка и да му испорача на РЕК Битола шест еколошки автобуси на природен гас од јапонскиот производител „Исузу“. Вкупната набавка изнесува 104 милиони денари (1,4 милиони евра), а еден автобус чини 240 илјади евра. Треба да бидат испорачани за осум месеци.

– Со овие автобуси ќе ја зголемиме безбедноста на превозот на нашите вработени кои работат во исклучително тешки услови во рудниците. Автобусите што се користат сега се стари и дотраени и не ги задоволуваат ниту минималните стандарди, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ на денешното потпишување на договорот за набавката.

Нешвил, 3 март 2020 (МИА) – Најмалку две лица загинаа додека околу 40 објекти се урнати во торнадо што го погоди Нешвил во Тенеси.

Две лица загинаа во источен Нешвил, соопшти полицијата, додека пожарникарите соопштија дека се урнале околу 40 објекти. Повеќе лица се повредени, јавија локални медиуми.

Аеродромот што се наоѓа во близина на Нешвил, исто така, претрпе значителна штета како резултат на торнадото и оштетени се неколку хангари.

Пекинг, 3 март 2020 (МИА) – Сите лица што доаѓаат во Пекинг од Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Италија ќе бидат ставени во карантин 14 дена, соопштија денеска кинеските власти.

Властите информираат во карантин ќе бидат ставени сите оние кои доаѓаат од нови жаришта на вирусот во кинескиот главен град.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Од денеска 1.200 припадници на Армијата се опремени со нова спортска опрема, која опфаќа тренерки, атлетски патики, водоотпорни шушкавци и спортски чорапи. До крајот на годината, во неколку етапи, сите припадници на нашата Армија ќе добијат од оваа спортска опрема.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска при посетата на касарната Илинден каде беше распоредена дел од спортската опрема рече дека Владата покажала дека вложува во својата Армија и дека доколку се бара од војниците да бидат физички подготвени за тоа треба да им се обезбедат и соодветни услови.

Тетово, 3 март 2020 (МИА) – Тетовската полиција приведе 19 годишно лице како осомничен за обид за обљуба на девојче на 14 години. Случајот се случил во неделата, во понеделникот го пријавила мајката на девојчето.

-Вчера 31-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 14 часот, 19-годишен тетовец во неговиот стан ја повикал нејзината малолетна ќерка и во влезот од нивната зграда ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, но не успеал, бидејќи девојчето избегало и и раскажало на својата тетка.

Сеул, 3 март 2020 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска му објави војна на коронавирусот, во земјата која е соочена со најголемата епидемија надвор од Кина, бидејќи бројот на заразени постојано расте и сега изнесува 5.186 лица.

Мун побара да се обезбедат уште болнички кревети и се извини заради недостигот од маски за лице, а најави и дека државата ќе им помогне на малите фирми да се изборат со последиците од епидемијата на коронавирус.

Сан Франциско, 3 март 2020 (МИА) – Компанијата Твитер побара од своите вработени во Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја да работат од дома, за да се спречи ширење на новиот коронавирус.

Од компанијата наведуваат дека „силно охрабруваат“ и вработени во светот, околу 5.000, да работат од дома.

Back to top button
Close
Close