2 март 2020

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Со право Комисијата уште еднаш препорача почеток на преговори со Република Северна Македонија и како Влада сторивме буквално се за да ги исполниме потребните реформи. Сега на ред е Европскиот совет, кој треба да го има предвид ова што го сторивме, како и методологијата и да ги отвори преговорите со ЕУ. Со право очекуваме онаа стратешка грешка што беше направена во октомври да се исправи и што поскоро РСМ да ги започне преговорите за членство во ЕУ, изјави националниот координатор за интеграција во ЕУ, Берлински процес и регионална соработка, Бојан Маричиќ.

Кабул, 2 март 2020 (МИА) – Талибанците денеска предупредија дека нема да учествуваат во внатрешните разговори во Авганистан сè додека Владата не ги ослободи нивните пет илјади затвореници.

– Подготвени сме за внатрешни авганистански преговори, но чекаме да бидат ослободени нашите 5.000 затвореници. Доколку не бидат ослободени, нема да има преговори, изјави портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Ново рочиште за предметот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи на 20 март, откако денеска во Кривичниот суд во Скопје странките дадоа воведни говори.

Обвинителството денеска побара за следното рочиште да бидат повикани тројца сведоци, меѓу кои Силјан Мицевски и Јован Дерков. На ваквото барање реагираше одбраната, велејќи дека не треба да се менува редоследот на предложените докази и да се оди хронолошки или најпрво со материјалните докази, обвинувајќи дека се повикуваат сведоци пред изборната кампања.

Приштина, 2 март 2020 (МИА) – Припадници на подмладокот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) на доскорешниот премиер Рамуш Харадинај изведоа денеска симболична акција, поставувајќи мртовечки ковчег пред објектот на Владата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Атина, 2 март 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и алтернативниот министер за миграција и азил Јоргос Кумуцакос ќе ги информираат политичките партии и грчките европратеници за ситуацијата на границата со Турција, за мерките што ги презема грчката Влада, како и за грчките иницијативи на европско и меѓународно ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

Тел Авив, 2 март 2020 (МИА) – Претседателот на Израел, Рувен Ривлин денеска изјави дека се срами поради тоа што гласа третпат за помалку од една година на парламентарни избори.

– Ова е нормално свечен ден, но вистина е дека не се чувствувам славенички. Чувствувам само длабока срамота кога ќе се соочам со Вас граѓаните, истакна Ривлин додека гласаше во ерусалимскиот кварт Беит Хакер. Тој додаде дека Израелците не го заслужуваат тоа.

Љубљана, 2 март 2020 (МИА) – Актуелниот министер за надворешни работи на Словенија Миро Церар денеска објави дека ја напушти Партијата на модерниот центар (СМЦ), што тој ја формираше, поради одлуката на партиското раководство да коалицира со партијата на Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Церар својата одлука ја објави во словенечкиот Парламент, а ја напиша и на социјалните мрежи.

Прилеп, 2 март 2019 (МИА) – Тутунскиот комбинат (ТК) Прилеп минатата година ја заврши со добивка од 39 милиона и 220 илјади денари што главно се должи на подобрената продуктивност со растоварувањето од превработеноста, како и на стратегиското партнерство со „Филип Морис“.

Комбинатот излезе од групата на четирите загубари, а неговиот менаџерски тим, како што рече денеска на прес-конференција, очекува натамошен раст со повеќе инвестициски зафати.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Најновиот извештај на Европската комисија повторно е со позитивна оценка за реформите во правосудството, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Во овој извештај според Министерството за правда, е наведено дека државата испорачала опипливи резултати со посебен фокус на судските реформи и проактивни истраги, кривично гонење и правосилни пресуди за случаи за корупција и организиран криминал, вклучувајќи случаи на високо ниво.

Валандово, 2 март 2020 (МИА) – Детската градинка „Калинка“ во Валандово е реконструирана во рамки на Проектот финансиран од ЕУ преку ИПА два програмата за прекугранична соработка со Грција. Министерството за локална самоуправа заедно со општина Валандово е носител на проектот заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ.

 

Back to top button
Close
Close