МИА ФлешПакети

МИА Флеш

28 февруари 2020

28 февруари 2020

Виена, 28 февруари 2020 (МИА) – Република Северна Македонија го исполни својот дел од обврските и очекува одлука за почеток на преговорите на пролетните самити на ЕУ, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Виена со министерка за Европа на Австрија, Каролине Едштадлер.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација првпат организира хакатон за отворени податоци што ќе се одржи на 13 и 14 март годинава.

Куманово, 28 февруари 2020 (МИА) – Мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата ја користат 119.445 работници во државата. Во Скопје има 8.860 работотдавачи на 51.760 вработени лица, во регионот на Битола 4.230 работодавачи на 23.239 работници, во регионот на Прилеп 2.825 работодавачи мерката се однесува на 14.890 работници, во Струмица 2.656 работодавачи за 13.651 работник, Тетово 3.043 работодавачи за 10.498 работници и во регионот на Штип 4.151 рабодотавач кој се однесува за 26.844 работници.

Софија, 28 февруари 2020 (МИА) – По воспоставувањето нови правила за преговарање за членство во ЕУ, Бугарија ќе продолжи силно да го поддржува европскиот пат на Црна Гора, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес кофенренција со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ, кој престојува во официјална посета на таа земја.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат вети денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, претставувајќи ја економската програма во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Заев најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија.

Љубљана, 28 февруари 2020 (МИА) – Повеќе невдладини здруженија и поединци, денес организираат протест во главниот град на Словенија против Влада на чело е Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Протестниот марш ќе се одржи под мотото „Без став – марш против коалицијата на омраза”. Според најавите на организаторите тој ќе почне во 17 часот пред седиштето на СМЦ (Партија на модерниот центар), а ќе заврши пред канцелариите на партијата на пензионерите ДеСус. Целта е кажаа организаторите, да се предупредат пратениците на овие партии во Собранието да не гласаат за Владата на Јанша.

Белград, 28 февруари 2020 (МИА) Во Србија до денес не се пријавени случаи на заболени од коронавирус (КОВИД-2019), соопшти Министерството за здравство, кое двапати на ден ги ажурира информациите за вирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, до вчера во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се 25 лица за кои постел сомнеж дека го имаат вирусот, а примероците од сите тестирани биле негативни на коронавирус.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Многу малку, недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието. Процентот по глава на жител во Европа покажува дека сме на дно, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на презентацијата на проектите реализирани во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE, на Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје.

Сеул, 28 февруари 2020 (МИА) – Јужна Кореја објави дека од вчера дури 315 лица биле заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени на денот довстигна до 571, а бројот на заразени од почетокот на инфекцијата – 2.337.

За првпат, дневната бројот на случаи на заразата во Јужна Кореја го надмина бројот на случаи на заразени во ден во Кина. Само пред неколку денови во таа држава имаше само 100 случаи.

Софија, 28 февруари 2020 (МИА) – Бугарија ги заостри безбедносните мерки по должината на својата граница со Турција, откако земјата објави дека нема да ги запре сириските бегалци на патот кон Европа.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Бугарија ги заостри мерките откако група мигранти се упатиле кон границата.

Сиетл, 28 февруари 2020 (МИА) – Амазон објави дека забранил продажба на милион производи во последните неколку недели поради лажни тврдења за лекување на коронавирусна болест или за заштита од инфекција.

Амазон е под лупа заради производи што се продаваат на неговата платформа, со тврдење дека нудат сигурна заштита од инфекцијата.

 

Back to top button
Close
Close