МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 февруари 2020

27 февруари 2020

Битола, 27 февруари 2020 (МИА) – На подрачјето на СВР-Битола има подобрување во процентот на откриени кривични дела освен во делот на опожарени возила кои се на територијата на ОВР-Прилеп и кои не се резултат на организирана група, е информацијата што ја добил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од СВР Битола, каде во рамки на работната посета беше брифиран за состојбите со криминалитетот и процентот на откриени кривични.

Минск, 27 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја се „принудува на интеграција“ со Русија и порача дека вистинска интеграција на економиите на двете земји значи „суверенитет и независност“ на Белорусија.

– Остануваме посветени, како и секогаш, кон вистинска интеграција без принудување на интеграција, рече Лукасенко на состанокот со претседателот на Евроазиската економска комисија Михаил Мијашнович.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ. Исклучок ќе бидат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

Велес, 27 февруари 2020 (МИА) – Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес ќе се реновира во наредните осум месеци со 12,2 милиони денари средства обезбедени од Владата преку Агенцијата за млади и спорт. Со реконструкцијата Градскиот стадион ќе биде во согласност со меѓународните стандарди и ќе се овозможи да се одигруваат меѓународни натпревари.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Членството во НАТО и добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ за земјава може да бидат значаен поттик за зајакнување довербата во државните институции, за заштита на приватната сопственост, за поттикнување на конкуренцијата и, во целина, за остварување на сите битни претпоставки за владеење на правото во вистинска смисла, а тоа би ефектуирало во зголемен прилив настрански директни инвестиции, како и зголемена економска активност, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на панел-дискусијата што ја организира Мрежата за деловен развој на Југоисточна Европа.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – На неуредениот простор меѓу улицата „Лазар Димитров“ и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк. Новата зелена оаза ќе зафаќа површина од 16.000 квадратни метри и во него ќе се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки. Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска извршија увид во уредувањето на оваа зелена површина.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Природниот прираст во земјава во четвртиот квартал од 2019 година е негативен и изнесува минус 49, односно за толку бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, објави Државниот завод за статистика.

Во најголемиот дел општини има негативен прираст. Во Битола минус 127, Прилеп минус 81, Охрид минус 51, Штип минус 43, Гевгелија минус 39, Кичево минус 35, Делчево минус 23, Куманово и Велес, Македонска Каменица и Кратово минус 18, Пробиштип минус 16, Демир Хисар минус, Крива Паланка минус 10…

Техеран, 27 февруари 2020 (МИА) – Вкупниот број на заразени лица од коронавирусот во Иран достигна 245, а 26 од нив се починати, соопштија од Министерството за здравство во Иран.

Претставникот на иранското Министерство за здравство, Кијануш Јахапур, соопшти дека во последните 24 часа се заразени нови 106 лица од коронавирусот.

Москва, 27 февруари 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин призна дека на почетокот од 21 век имало идеја за негов двојник со цел да се осигура безбедност на шефот на државата, но оти тој одбил.

– Ја отфрлив идејата за каков било дублер. Тоа беше за време на најтешкиот период на нашата војна против тероризмот, изјави Путин за руската новинска агенција ТАСС во интервјуто „20 прашања со Владимир Путин“.

Техеран, 27 февруари 2020 (МИА) -Иран го забрани влезот во земјата за кинеските државјани во екот на ширењето на новиот коронавирус во Исламската Република, каде до сега умреа 26 лица, соопшти денеска иранската агенција Ирна.

Американските медиуми наведуваат дека поради епидемијата на коронавирусот се откажани сите утрешни молитви во Техеран.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Генералната директорка на АД „Мепсо“, Ева Шуклева информираше дека синоќешниот ветер уништил дел од фасадата на АД „Мепсо“, односно фасадата што се наоѓа во внатрешниот дел на зградата и служи како паркинг-простор во објектот. Откорнати се и десетина клима-уреди.

 

Back to top button
Close
Close