МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 февруари 2020

26 февруари 2020

Сан Франциско, 26 февруари 2020 (МИА) – Градот Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирусот, откако официјални претставници од Центарот за контрола и превенција на болести предупредија дека неговото ширење во САД е неизбежно.

Градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Брид, прогласи вонредна состојба и истакна дека „глобалната слика“ на коронавирусот „брзо се менува“ и дека градските власти „треба да ја засилат својата подготвеност“ за неговото пристигнување на брегот на Калифорнија.

Вашингтон, 26 февруари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во „одлична форма“ и покрај тоа што медиумите шират лажни вести и се обидуваат да предизвикаат паника на берзите.

Лажните медиуми со низок рејтинг Ем-ес-ди-ен-си и Си-ен-ен даваат се од себе за да го претстават коронавирусот што е можно лошо, вклучително и да создадат паника на берзите, ако можат. Како и некомпетентни колеги демократи, кои не прават ништо друго освен да зборуваат без да преземат акции. САД се во одлична форма, напиша Трамп на Твитер.

Прилеп, 26 февруари 2020 (МИА) – Во последните две и пол години вложени се повеќе од 100 милиони евра директно во странските и во домашните компании за да се поттикне нивното производство и да ги направиме посоодветни условите за развојот на нивниот бизнис во нашава држава, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска при денешната посета на германската компанија „Вик“ во технолошко-развојната зона кај Алинци, во близина на Прилеп.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Иако сеуште е значително висок, забележан е пад на кредибилитетот на ЕУ и важноста на ЕУ во животите на македонските граѓани, но Унијата се уште се смета за најголем сојузник на државата.

Ова се дел од наодите од двете истражувања изработени од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер кои беа презентирани денеска во Јавна Соба во Скопје – Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2019) и „Што сега? Неизвесноста на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во 2019“.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Седмиот извештај за ревидираната Европска социјална повелба, Годишната програма за работа на ЕСС за 2020 и Информацијата за работењето на ЕСС во 2019 година биле разгледани денеска на 57. седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС) со која претседаваше заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на корона вирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ соопшти дека во координација со Ветеринарната комора ги информира ветеринарните друштва за максимално почитување, но и информирање на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на корона вирусот преку животните и храната од животинско потекло со оглед дека станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло.

Штип, 26 февруари 2020 (МИА) – Лекарите и медицинскиот пероснал на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се подготвени во случај да имаат сомнителни случаи на заболени или лица кои биле во контакт со заразени од коронавирусот, а кои евентуално би се сместиле во изолацискиот центар на ова одделение.

Тетово, 26 февруари 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово неделава стартуваше со повеќе превентивни активности на тема „Спречување на насилно и недостојно однесување на спортски натпрeвари“, соопштуваат од тетовската полиција. Планирано е да се реализираат со близу 3.000 ученици од четврта година во сите средни училишта на подрачјето.

Вашингтон, 26 февруари 2020 (МИА) – Цената на нафтата во САД е на најниско ниво за една година поради ширењето на коронавирусот, што влијае врз светската економија.

Еден барел американска лесна нафта се продава за 48,88 долари, што е најниска цена од јануари 2019 година. Цената на нафтата се намали за 1,3 отсто и за 10 проценти во минатата недела.

Back to top button
Close
Close