МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 февруари 2020

26 февруари 2020

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Како многу невкусно го оцени користењето лични имиња обвинителката Вилма Русковска, во врска со вчерашната прозивка од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на „Граѓанскиот протест против неправдата“, посочи дека таа работи за лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

Берово, 26 февруари 2020 (МИА) – Во Берово се одржа работилница на тема „Подигање на културното ниво во градот преку подобрување на животот на младите“. На темата во рамки на средбата која се одржа во салата за состаноци при општина Берово дебатираа претставници на средношколската заедница од беровската гимназија „Ацо Русковски“, угостителите од општината, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски и претставници на општинската администрација.

Атина, 26 февруари 2020 (МИА) – Позитивни се резултатите на коронавирус од примерокот на 38-годишна жена во Солун, со што е и потврден првиот случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Жената неодамна патувала во Италија, а е во добра здравствена состојба, како што соопшти портпаролот на грчкото Министерство за здравство и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас.

Лос Анџелес, 26 февруари 2020 (МИА) – Пејачката Ејми Дафи, попозната само како Дафи, пред десетина години се повлече од музичката кариера. Сега, на Инстаграм таа сподели приказна како тогаш била заробена, дрогирана и силувана од непознато лице.

„Може само да замислите колку пати помислував да го напишам ова… За начинот на кој би го напишала, како би се чувствувала потоа… Многу од вас се прашуваа што ми се случува и зошто исчезнав? Новинар ме контактираше, дојде до мене и јас му раскажав сè минатото лето. Беше неверојатно тоа што конечно проговорев”, раскажува Дафи.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) –Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во оваа судница изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство да спречат мирно примопредавање на власта како резултат на што беше настанот што се случи на 27 април 2017 година познат како „крвавиот четврток“, е дел од обвинителниот акт, што денеска во судница на рочиштето за судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април го прочита обвинителката Вилма Рускоска.

Брисел, 26 февруари 2020 (МИА) – Потпретседателот на Европската Комисија (ЕК), Марош Шефчович, е назначен за ЕУ претставник во комитетот за надзор на Договорот за повлекување на Обединетото Кралство.

Ова тело е предвидено во спогодбата за повлекување на Британците од ЕУ, спогодба договорена минатата година помеѓу двете страни, и чија цел е да ја постави рамката и модалитетите на истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Љубљана, 26 февруари 2020 (МИА) – Според најавите, претседателот на Словенија Борут Пахот денеска ќе го повика Јанез Јанша на состанок, по што се очекува да му го даде мандатот за состав на новата Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова доаѓа откако партијата СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша објави дека договорила коалиција со партиите СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија). Овие партии синоќа на одделни состаноци на органите на партиите ја потврдиле коалицијата со СДС и одлучиле да се формира на нова десно-центристичка Влада.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close