МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 февруари 2020

25 февруари 2020

Кичево, 25 февруари 2020 (МИА) – Врз основа на распишаниот конкурс на Министерството за култура, титулата Град на културата во 2020 година ќе ја има Кичево.

Општина Кичево изготви формулар за проекти од областа на културата што ги разгледа комисија. Аплицираше со 50-ина проекти од различни области на културата – литература, филм, театар, музика, фолклор, ликовна уметност, сценско-уметничка дејност, интердисциплинарни проекти и други помали проекти, објасни Михајло Петрески од Општина Кичево.

Париз, 25 февруари 2020 (МИА) – Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека бројот на туристи е намален од 30 до 40 проценти од очекуваното поради новиот коронавирус.

– Тоа секако има значително влијание врз француската економија, посочи Ле Мер.

Ерусалим, 25 февруари 2020 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека ќе го реализира планот за изградба на околу 3.500 домови за еврејските доселеници во една од најчувствителните области на Западниот брег, проект што првично беше замрзнат заради меѓународниот притисок, пренесоа британските медиуми.

Палестински и странски противници на планот за изградба за реонот Е-1 на Западниот брег предупредија дека израелските станови на голите ридови на коридорот можат да го поделат Западниот брег, да ги одалечат Палестинците од Ерусалим и дополнително да им ја замаглат надежта за сопствена држава.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Утре ќе преовладува топло време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на еста ќе достигнува и над 70 километри на час. В четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – До 20 април 2020 може да се пријавуваат предлог-проекти кои треба да бидат во согласност со Програмската рамка за техничка соработка меѓу нашата земја и Меѓународната агенција за атомска енергија-МААЕ (Country Programme Framework 2019-2023). Министерството за образование и наука објави Програма за техничка соработка за проектниот циклус 2022-2023, чија цел е да им помогне на земјите членки во развојот на сопствените програми за одржлива примена на нуклеарни техники во мирновременски цели.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со компаниите членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави својата економска програма, но ќе ги слушне и предлозите како и сугестиите на стопанствениците.

Загреб, 25 февруари 2020 (МИА) – Поради сомнение дека можеби се заразени со коронавирус во Риека се хоспитализирани девет лица кои се вратиле од работа во Италија, јави дописникот на МИА.

Веднаш по пристигнувањето во Хрватска, а поради престојот во ризично подрачје, работниците се ставени во изолација. Еден од нив има симптоми кои укажуваат дека можеби е заразен со коронавирус, објавија хрватските медиуми. Другите осум засега се чувствуваат добро, но се чекаат резултатите од анализите кои треба дефинитивно да потврдат дали се заразени или не.

Атланта, 25 февруари 2020 (МИА) – Еден од водечките светски провајдери на динамички решенија за автоматизација во ИТ секторот, американскиот „Стоунбренч“ соопшти дека „Македонски телеком“ ја избрал оваа компанија за управување и автоматизација на апликациите за поддршка на фактурирање и наплата во реално време, меѓусебно поврзување, спречување измами и медијација при наплата, објави специјализираниот портал „ПРЊузвајр“.

Њу Делхи, 25 февруари 2020 (МИА) – Индија и САД решија да ги зајакнат билатералните односи со глобално партнерство, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на заедничката конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Њу Делхи.

За време на посетата на Трамп, двајцата лидери разговараа за перспективите за соработка во областа на одбраната, безбедноста, трговијата и инвестициите.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Апелираше патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје.

Back to top button
Close
Close