МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 февруари 2020

25 февруари 2020

Лос Анџелес, 25 февруари 2020 (МИА) – Принс Мајкл Втори Џексон, најмладиот син на починатиот поп-пејач Мајкл Џексон, со својот 18. роденден, го прослави и своето ново име – Бленкет.

На прославата присуствувале и неговиот брат Принс Мајкл Џексон и сестра му Парис Џексон, која е манекенка и глумица.

Пекинг, 25 февруари 2020 (МИА) – Експертска група составена од претставници на Кина и на Светска здравствена организација (СЗО) за време на викендот ја посетија кинеската провинција Хубеи, од каде почна епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска кинеската Државна здравствена комисија.

Истанбул, 25 февруари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска информира дека двајца турски војници се убиени во Либија, каде Анкара распоредила сили и сириски борци за поддршка на меѓународно признатата Влада.

Ердоган не прецизираше кога загинале војниците.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Во последното тримесечје од 2019 година градско-приградски превоз користеле 19.191.000 лица, со железница се возеле 148.000, додека со авион патувале 623.546 лица.

Според Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз бројот на превезените лица е 1.605.000.

Брисел, 25 февруари 2020 (МИА) – Хрватската државна секретарка за европски работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел денеска, изјави дека се надева дека сите преземени активности во делот на проширувањето ќе создадат услови за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Куманово, 25 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Куманово Гас“, лани го зголемил бројот на приклучоци за дополнителни педесетина во однос на претходната година, соопштија денеска надлежните. Освен правни субјекти, минатата година кон дистрибутивната гасоводна мрежа се приклучиле и физички лица.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Со потпишување на записникот од три работни состаноци од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев успешно завршиле преговорите со раководството на МВР.

Њу Делхи, 25 февруари 2020 (МИА) – Најмалку седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во судирите во Њу Делхи за време на протестот поради новиот Закон за државјанство.

Судирите избија помеѓу поддржувачите и противниците на новиот Закон, а полицијата употреби солзавец и шок бомби да ја растера толпата, која возврати со камења.

Токио, 25 февруари 2020 (МИА) – Само 11 дена пред да наполни 113 години, највозрасниот маж во светот, Јапонецот Читецу Ватанабе почина.

Тој беше роден на 5 март 1907 година и пред неколку недели беше прогласен за рекордер со своите 112 години.

Брисел, 25 февруари 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на ЕУ на редовната седница на Советот за општи работи денеска треба да го усвои преговарачкиот мандат за новата фаза на Брегзит – трговските преговори и идното партнерство.

Текстот е усогласен вчера на амбасадорско ниво и ќе им пред предадено на министрите на денешниот состанок каде се очекува да биде усвоен.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close