МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 февруари 2020

19 февруари 2020

Струмица, 19 февруари 2020 (МИА) – Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на карикатуристот од Бразил, Ерико Жунгуеира Аурес и афористичарот Нинус Несторовиќ од Србија.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Македонските граѓани уредно си ги сервисираат плаќањата и уредно одговараат на своите обврски за комуналии и услугите кон банките и осигурителни компании, истакна Весна Деловска, извршител од Скопје, на денешната презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“ направено од страна на компанијата „EOS Матрих Македонија“.

Приштина, 19 февруари 2020 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, кому се заблагодари за, како што рече, афирмацијата на Косово секаде каде што ја претставува Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Кривичниот суд во Скопје ги усогласил термините со Судот во Германија, преку кој треба да се реализира видео – конференциската врска со сведокот Ресмије Аземи, за судскиот предмет „Титаник 3”.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Пропуштените повици од непознати странски броеви регистрирани изутрината кај домашни корисници на мобилна телефонија најчесто потекнувале од Литванија, Естонија и сателитскиот операторот „Глобал Стар“, информира Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по денешниот итен состанок со мобилните оператори.

Атина, 19 февруари 2020 (МИА) – Ако до крајот на седмицата, локалните власти од островите, префектот и градоначалниците не предложат алтернативни решенија и локации што ќе ги исполнат поставените услови, грчката Влада од понеделник ќе започне со активностите за изградба на затворените центри на островите, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада Стелиос Пецас, во однос на несогласувањата што се појавија во изминатиот период меѓу владата и локалната самоуправа, јави дописничката на МИА од Атина.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден се прегледани 24 пациенти со грип. Хоспитализирани се вкупно 36 пациенти со грип и компликации, информираат денеска од таа јавна здравствена установа.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочија вчера од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Техеран, 19 февруари 2020 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вели дека неговиот неодамнешен состанок со американскиот сенатор Крис Марфи ја исплаши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа било можност директно да се разговара со американската нација.

Штип, 19 февруари 2020 (МИА) – Штипскиот Завод за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј од националната Програма на Министерството за култура доби проекти кои чинат околу четири милиони денари. Директорот на ЗЗС и Музеј-Штип, Митко Штерјов на денешната прес-конференција информира дека во делот на археолошките истражувања, годинава ќе имаат на локалитетите „Баргала“, „Пилав Тепе“, а по 40 години ќе се работи и кај селото Крупиште.

Дубаи, 19 февруари 2020 (МИА) – Црната кутија од украинскиот патнички авион што иранската противвоздушна одбрана го урна по грешка во јануари годинава, Иран нема намера да ја предаде на ниту една друга земја и покрај надворешните притисоци, соопшти официјален Техеран.

Канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела изјави дека е „импресиониран“ од изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф дека мора да се заврши до крај целосна и комплетна истрага за трагичната несреќа.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) на 12 февруари со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража.

Амстердам, 19 февруари 2020 (МИА) – Амстердам ја разгледува можноста да воведе забрана за продажба на марихуана на туристи во кафулињата, а истовремено истражува и нови начини како да го балансира начинот на живот на населението со потребите на туристите.

Во истражувањето во кое поголемиот број од младите туристи се изјасниле дека се одлучиле за посета на Амстердам бидејќи сакале да го искусат чувството што го нудат кафулињата во кои се продава канабис.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Македонија е рангирана на 40-тото место во светот според грижата за децата, покажуваат податоците од Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), медицинското списание „Ланцет“ и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Документот насловен „Иднината за децата во светот“, почнува со поразително тврдење дека ниту една држава не го заштитува адекватно здравјето на децата, нивното опкружување и нивната иднина.

 

Back to top button
Close
Close