МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 февруари 2020

19 февруари 2020

Берлин, 19 февруари 2020 (МИА) – Германската Влада денеска усвои нацрт-закон со кој се бара социјалните мрежи како Фејсбук и Јутјуб да пријават во полиција говор на омраза.

Нацрт-законот предвидува интернет-компаниите да мора да означат ултрадесничарска пропаганда, графички прикази на насилства, убиства или закани за силување, како и постови кои укажуваат на тоа дека некој подготвува терористички напад или дистрибуира сексуално злоставување на деца. Од социјалните мрежи се бара да ги избришат таквите објави.

Техеран, 19 февруари 2020 (МИА) – Потврдени се првите случаи на коронавирус во Иран откако две лица се заразени, пренесе иранската полуофицијална агенција Исна, повикувајќи се на наводи на иранските власти.

Агенцијата, меѓутоа, не ја наведува националната припадност на заразените, пренесуваат американските медиуми.

Скопје, 19 феверуари 2020 (МИА) – Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Владините економски политики креирани во соработка со бизнис секторот направија пресврт на многу полиња. За 2,5 години се постигнати резултати и бројки како никогаш досега. Членството во НАТО, пак, и добивањето датум за преговори со ЕУ, преку зајакнување на нашата геостратешка позиција, дополнително ќе придонесат за раст, развој, зголемување на инвестициите, на кредитниот рејтинг и перспективите, рече денеска премиерот Оливер Спасовски во обраќањето на настанат со кој Стопанската комора на Македонија одбележа 98 години постоење.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи.

Таа денеска во нејзиното сведочење во предметот „Монструм” рече дека дел од информациите биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Загреб, 19 февруари 2020 (МИА) – Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ изјави дека очекува брза оставка од државниот јавен обвинител Дражен Јелениќ, откако обвинителот кажа дека е член на масонска организација.

Како што јави дописникот на МИА, министерот за ова веќе разговарал со обвинителот и му пренел дека очекува сам да се повлече од функцијата. Доколку Јелениќ не се повлече, тогаш ќе реагира владата, најави Бошњаковиќ и додаде дека хрватската Влада сака ова прашање да го реши брзо.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските оператори.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово на делницата на местото на несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ била во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештак од областа на градежништвото на денешното рочиште за сообраќајката кај Ласкарци. Оградата е поставена во 2000 година, а проектот е направен во 1998 година.

Приштина, 19 февруари 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти повтори денеска дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе биде укината и заменета со реципроцитет и нагласи дека тој реципроцитет ќе е заснова на принципите на Светската трговска организација (СТО) и на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА), јави дописникот на МИА од Приштина.

Канбера, 19 февруари 2020 (МИА) – Австралија формира своја вселенска агенција во обид до 2030 година тројно да ја зголеми својата вселенска програма, пренесе ДПА.

Австралискиот премиер Скот Морисон во Аделаида, главниот град на државата Јужна Австралија, денеска и официјално го отвори седиштето на новата агенција.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Комората на сметководители на Македонија неделава испрати допис до Управата за јавни приходи (УЈП) за пролонгирање на рокот за поднесок на годишната сметка и даночен биланс (ДБ) за 2020 година, заради доцна објавениот образец за ДБ од страна на Министерството за финансии, соопштија на денешната прес-конференција од Комората.

 

 

Back to top button
Close
Close