МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 февруари 2020

19 февруари 2020

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година од 08:00 до 20:00 часот.

Во соопштението наведуваат дека микро и мали субјекти, што нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2020 година.

Москва, 19 февруари 2020 (МИА) – Руските претседатели би може да добијат имунитет од кривично гонење откако ќе им заврши мандатот, врз основа на уставните реформи, изјави високиот владин претставник Павел Крашеников.

Имунитетот по завршување на претседателскиот мандат е предлог на парламентарна работна група, што уследи откако претседателот Владимир Путин минатиот месец објави реформи на политичкиот систем.

Улан Батор, 19 февруари 2020 (МИА) – Монголија до 30 март ги затвори сите свои училишта со цел да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата, соопшти денеска владата, јавија британските медиуми.

Вирусот, што е сличен на грипот, кај нивниот јужен сосед – Кина, веќе ја предизивка смртта на повеќе од 2.000 лица, додаваат британските меидуми.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – База на податоци на дистрибутери од регионот и од Европската унија и пристап до алатка за анализа на меѓународниот пазар, се двете нови услуги што се развиени за унапредување на извозот помеѓу малите и средните фирми во регионот, како резултат на соработката на членките на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Вашингтон, 19 февруари 2020 (МИА) – Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, ќе ја продаде својата медиумска компанија со истото име, што го направи милијардер ако биде избран за претседател во ноември, потврди неговиот изборен штаб.

Популарноста на Блумберг во анкетите расте и тој ќе го направи својот прв настап на дебатата денеска во Лас Вегас.

Дамаск, 19 февруари 2020 (МИА) – Американската армија испраќа големо количество од Ирак во Сирија, што се користи против турските сили и цивили, изјави шефот на Рускиот центар за помирување во Сирија, Олег Журављев.

Тој тврди дека од почетокот на годината САД од Ирак во Сирија испратиле 13 конвои со повеќе од 80 оклопни возила и над 300 камиони со различни видови на оружје, муниција и други материјали.

Брисел, 19 февруари 2020 (МИА) – Република Северна Македонија има капацитет да организира демократски, фер и слободни избори на кoи граѓаните ќе можат да одлучат по кој пат треба да оди земјата, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за ЕУОбсервер, предупредувајќи оти, сепак, очекува изборната кампања да биде една од „најавлакните“ досега.

– Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите, истакнува Спасовски.

Белград, 19 февруари 2020 (МИА) – Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

– На страните им останува да ги утврдат параметрите на дијалогот, истакна Палмер во интервју за порталот „ЕУобсервер“ во Брисел, запрашан за планот за размена на територии, пренесе српската новинска агенција БЕТА.

Сараево, 18 февруари 2020 (МИА) – Околу 4.000 осомничени за воени злосторства остануваат да бидат процесуирани во Босна и Херцеговина, што ќе биде невозможна мисија без усвојување нова стратегија што вклучува трансфер на предмети за воени злосторства на пониските судови, изјави синоќа главниот обвинител на БиХ, Гордана Тадиќ

Учествувајќи во конференцијата на обвинителите во Мостар, таа рече дека досега е постигнат напредок во расветлување на вистината за војната.

Вашингтон, 18 февруари 2020 (МИА) – Главниот обвинител на САД Вилијам Бар им порачал на блиските роднини дека размислува да си поднесе оставка откако американскиот претседател Доналд Трамп го игнорираше неговото предупредување за објавите на социјалните мрежи за случајот во Министерството за правда, изјави за американски медиуми службеник на администрацијата.

Back to top button
Close
Close