МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 февруари 2020

18 февруари 2020

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 10-тата седница на која донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

Москва, 18 февруари 2020 (МИА) – Сириската влада предводена од претседателот Башар Асад веќе контролира повеќе од 90 проценти од земјата, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на разговорите во формат 2 + 2 со министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија и Италија.

Приштина, 18 февруари 2020 (МИА) – Укинувањето на таксата од 100 отсто, што пред повеќе од една година ја воведе владата на Косово на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, е прашање на денови и таа ќе се замени со целосен реципроцитет кон тие држави, најавија претставници на коалициските партнери во новата косовска Влада на денешната трибина на Косовскиот демократски институт (КДИ).

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, со заклучок на Владата ги презел овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.
-На 10. редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Ерусалим, 18 февруари 2020 (МИА) – Судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за корупција ќе почне на 17 март, две недели по изборите, соопшти денеска Министерството за правда.

Како што се наведува во соопштението, Нетанјаху ќе мора да присуствува на рочиштето на кои ќе биде прочитано обвинението против него.

Сараево, 18 февруари 2020 (МИА) – Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, изјави денеска дека нема ништо да има од најавениот „егзит“ на Република Српска, а на српскиот колега во државниот врв, Милорад Додик, му порача, како што кажа, дека нема да добие ниту најмала отстапка околу статусот на Уставниот суд, пренесе сараевскиот весник „Дневни аваз“.

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Кабул, 18 февруари 2020 (МИА) – Авганистанската Изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци.

Независната изборна комисија соопшти дека Абдулах Абдулах го зазеде второто место.

Белфаст, 18 февруари 2020 (МИА) – Поголемиот број граѓани на Северна Ирска изјавија дека ако утре биде спроведен референдум тие би гласале против излегувањето на земјата од рамките на Обединетото Кралство за да се обедини со Република Ирска.

Според анкетата објавена во „Белфаст телеграф“ 29 проценти од испитаниците се изјасниле дека сакаат обединување со Ирска, а 52 отсто биле „против“.

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Во СДСМ е почната процедурата околу кандидирањето на идните кандидати за пратеници, а носителите на листи ќе бидат познати во март кога треба да се одржи конгресот на партијата.

Портпаролот Костадин Костадинов денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека конгресот треба да се одржи од 8 до 12 март и оти сега е неблагодарно да шпекулира со било какви информации.

Белград, 18 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на Нова партија (НС) и поранешен српски премиер, Зоран Живковиќ, изјави денеска дека е очигледно дека министерот за одбрана, Александар Вулин, незаконски упаднал во имејл преписката на весникот „Неделник“ и поранешниот министер за одбрана, Драган Шутановац, и дека поради таквите работи „мора да лета од позицијата“.

Приштина, 18 февруари 2020 (МИА) – Косовското обвинителство го потврди инцидентот што се случи денеска околу пладне во градот Гњилане, во источно Косово и информира дека станува збор за четирикратно убиство и самоубиство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите потребни за зачленување во Европската Унија.

– Двете земји не се откажуваат од реформите… и ќе видите дека тие ќе испорачаат, и ако го сторат тоа, можете да бидете уверени дека ќе има отворање преговори, рече Вархеји, додавајќи дека е многу охрабрен од посетата на Северна Македонија и Албанија минатиот месец.

Back to top button
Close
Close