МИА ФлешПакети

МИА Флеш

17 февруари 2020

17 февруари 2020

Софија, 17 февруари 2020 (МИА) – Бугарската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека во градот Раковски, во јужниот дел на Бугарија, се појавил вирус на птичји грип Х5Н8, поради што вкупно 5.380 патки ќе бидат усмртени. Тоа е прв случај на птичји грип во Бугарија во последните десет месеци.

Тирана,17 февруари 2020 (МИА) – На денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, пратеникот од Македонска алијанса за европска интерација (МАЕИ) Васил Стерјовски, во име на партијата искажа надеж дека со изборните реформи ќе се обезбедат загарантрани места за прпадниците на малцинствата.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска во Брисел учествуваше на работниот ручек што за лидерите на Западен Балкан го приреди еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваа и претседателите на владите на Албанија и на Србија Еди Рама и Ана Брнабиќ, стана збор за значењето на прифаќањето за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ за реконструкција и санација на последиците од земјотресот во Албанија на 26 ноември минатата година, и за солидарноста што ја споделуваат и земјите од Западен Балкан како една од темелните вредности на Европската Унија.

Њу Делхи, 17 февруари 2020 (МИА) – Врховниот суд во Индија денеска пресуди дека жените можат да бидат воени команданти, отфрлајќи го ставот на Владата дека мажите војници не се подготвени да прифатат наредби од жени офицери бидејќи тоа ги вознемирува.

Судот исто така наложи Владата да ја продолжи постојаната служба за жените, што досега се однесуваше само на мажите офицери.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Субвенции во висина од 354 милиони денари им се исплатени на вкупно 12.500 сточари кои одгледуваат говеда. Субвенциите се исплатени преку мерката „Директни плаќања за обележани грла говеда“.

Од Агенцијата денеска информираа дека во изминатиот период се исплатени и субвенции за полјоделците, градинарите, лозарите и овоштарите.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска им се заблагодари на 80-те пратеници во Собранието кои гласаа за измените и дополнувањата на Законот за одбрана и му честита на поширокиот тим од МО и од Армијата, кој го изработи во изминатата година.

Париз, 17 февруари 2020 (МИА) – Франција будно ќе го следи спроведувањето на реформите во правосудниот систем во Северна Македонија, им порачала француската министерка за Европа, Амели де Моншалан на средба што неодамна ја имаше со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров во Париз.

Тирана,17 февруари 2020 (МИА) – Шефот на албанската држава, Илир Мета, на вонредна прес конференција го обвини владејачкото мнозинство дека со измените на законот за назначување судии во Уставниот суд се обидува да го финализира државниот удар.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Сите медиуми – радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање (ППР) за предвремените парламентарни избори на 12 април се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 24 часот на 19 февруари, за што треба да поднесат барање за упис, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар не постара од 30 дена, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ.

Вашингтон, 17 февруари 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека косовскиот суверенитет и независност остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

– Косово по неодамнешните парламентарни избори и формирање на Влада има нова можност да го реализира целосниот потенцијал и за своите граѓани и во однос со соседните земји, соопшти Стејт департментот.

Санкт Петербург, 17 февруари 2020 (МИА) – Судот во Санкт Петербург денеска нареди присилна хоспитализација на руска државјанка која избегала од изолација.

На жената и била одредена изолација по престој во Кина во ек на епидемијата на коронавирусот.

Брисел, 17 февруари 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел на денешниот состанок на министрите за надворешни работи изрази надеж дека ќе биде постигнат договор за оживување на воената мисија на ЕУ која минатиот месец престана да распоредува бродови, откако Италија соопшти дека повеќе нема да прима мигранти спасени на море.

– Мислам дека денеска нема да можеме да донесеме конечна одлука, изјави Борел.

Back to top button
Close
Close