МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 февруари 2020

13 февруари 2020

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Пред месец дена кога се формираше техничката Влада бев многу голем оптимист дека Министерството за внатрешни работи без оглед на промените внатре ќе обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори. Месец дена подоцна не сум песимист, но не сум толку убедена. Тоа не значи дека нема да има фер избори, но изминативе месец дена по тоа што и јавноста имаше можност да види што се случува во МВР се случуваат потези што во јавноста, не оставаат впечаток дека се подготвуваме за фер и демократски избори.

Берлин, 13 февруари 2020 (МИА) – Германскиот министер за здравство, Јенс Спан предупреди дека постојната инфекција со коронавирус може да доведе до недостиг на лекови во Европа, со оглед на тоа што многу од состојките што се користат во производството на лекови доаѓаат од Кина

Спан истакна дека неколку од активните состојки на лековите што пристигнуваат во Европа се од Кина, поточно од покраината Хубеј.

Сиднеј, 13 февруари 2020 (МИА) – Сите шумски пожари во австралиската држава Нов Јужен Велс се под контрола за првпат од септември. Руралната пожарна служба (РФС) истакна дека „оваа сезона на шумски пожари била многу трауматична и исцрпувачка“.

„По исклучително катастрофалната сезона на пожари како за пожарникарите така и за жителите, сите пожари во Нов Јужен Велс се под контрола што е одлична вест“, објави на твитер заменик директорот на РФС во Нов Јужен Велс, Роб Роџерс.

Токио, 13 февруари 2020 (МИА) – Јапонија денеска го пријави првиот смртен случај предизвикан од коронавирусот.

– Поврзаноста помеѓу новиот коронавирус и смртта на 80-годишната жена се уште не е утврдена. Се работи за прв смртен случај, кој беше позитивен на вирусот, изјави јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като.

Љубљана, 13 февруари 2020 (МИА) – Словенија реши да и испрати на Кина 1.200.000 заштитни маски. Донацијата е со цел да им се помогне на тамошните власти во борбата со новиот тип на коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од Министерството за надворешни работи на Словенија изјавија и дека на Светската здравствена организација ќе и уплатат 60.000 евра кои ќе бидат исто така наменети за борбата против опасниот вирус.

Белград, 13 февруари 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе учествува на 56-тата Минхенската конференција за безбедност, каде ќе има серија билатерални средби со официјални претставници од светот, претставници на меѓународните организации и компании, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, додолку се договорат сите детали на таа иницијатива на Гренел.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска на годишнината од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, присуствуваше на средба меѓу преживеана патничка и човекот кој и помогнал да се извлече од превртениот автобус.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје го прифати второто барање на судијата Владимир Туфекџиќ за изземање од судењето за организиторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието и на негово место ја назначи судијката Дијана Груевска Илиевска, која ќе го води предметот заедно со претседателот на судечкиот совет Иле Трпков.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Македонскиот државјанин кој беше меѓу тројцата наши граѓани на бродот „Дајмонд принцес”, закотвен во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, и кај кој е потврден коронавирус, има блага форма на заболувањето и е транспортиран во болница во градот, информира денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Москва, 13 февруари 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека при промена на Уставот мора да се провери секоја буква и запирка и дека не треба да се изгуби ништо.

– Многу е важно да се провери секој збор, секоја запирка, но во исто време да не се дисецира нешто што е создадено со работата на нашиот народ во тековниот Устав. Не треба да се изгуби ништо, туку да се одговори на денешните предизвици, рече Путин на состанокот со работната група за измени на Уставот.

Скопје, 13 Февруари MИА (2020) – Познати личности и младински активисти денеска имаа средба со претставници на ОН, претставници на влади и на невладиниот сектор, со што почна кампањата Мисија 1.5 чија цел е да ги приближи ставовите на граѓаните и владите во однос на сеопфатните активности против климатските промени.

Љубљана, 13 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, денеска објави дека е почнат вториот круг преговори за состав на ново парламентарно мнозинство, а со тоа и нова Влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според изјавата на Јанша разговорите со потенцијалните партнери се одвиваат добро и додаде дека тие имаа слични размослувања околу приоритетите на Словенија и проблемите што новата Влада треба да ги реши.

Тетово, 13 февраури 2020 (МИА) – Сите општини од полошкиот регион аплицирале и добиле средства на повиците на Министерството за финансии за да се повлечат средства од Светска банка, потенцира заменик министерката за финансии Ширет Елези од Тетово. Таа им порача на локалните власти дека има уште такви можности.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Европските интеграции на земјава во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес беа во фокусот на разговорите на средбата што вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја имаа со Амели де Моншален, министерка за Европа и претставничка на Република Франција во Европската Унија.

Хјустон, 13 февруари 2020 (МИА) – НАСА објави дека е во потрага по план, концепт и конструктор за теренско возило што ќе биде испратено на Месечината.

„Вселенската агенција е во потрага по концепт за роботски движечки систем преку кој може да се превезуваат инструменти на Месечината, во полза на научните истражувања на нејзината територија, вклучително и области надвор од пристапот на човекот, како што е Северниот Пол (на Месечината)“, се вели во објавата.

 

Back to top button
Close
Close