МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 февруари 2020

13 февруари 2020

Белград, 13 февруари 2020 (МИА) – Српската премеирка Ана Брнабиќ изјави дека нестабилната состојба во регионот не и одговара на Србија и дека она што сега се случува не би требало да се случува, јави дописникот на МИА од Белград.

Тирана, 13 февруари 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за Еуроњуз Албанија, рече дека ќе продолжи да биде претседател на државата сè до завршување на неговиот мандат на 24 јули 2022 година.

Токио, 13 февруари 2020 (МИА) – Силен земјотрес со јачина од седум степени денеска ја погоди Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се случил во 7 часот и 34 минути по локално време со епицентар во близина на островот Итуруп, на длабочина од 160 километри.

Софија, 13 февруари 2020 (МИА) – Против бугарскиот бизнисмен Васил Божков, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, се покренати уште две обвиненија – за трговија со влијание и за поседување и отуѓување на антиквитети. Со тоа бројот на обвиненија против него достигна 11, изјави портпаролката на бугарскиот Јавен обвинител, Сијка Милева.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Потврдено е присуство на коронавирус кај еден од тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, соопшти Министерството за надворешни работи согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје. На средбата со директорот Фатмир Ејупи и вработените во институцијата, министерката се запозна со сите проблеми и предизвици со кои Заводот се соочува во обезбедување на дневно и интернатско згрижување на лица со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој, информира министерството за труд и социјална политика.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Министерот аа внатрешни работи Наќе Чулев денеска во турскиот амфитеар во Центарот за обука во Идризово оствари прва непосредна работна средба со меѓународните партнери кои не поддржуваат во севкупните напори за реформи во полицијата.

Работната средба, соопштија од МВР, претставува заедничка координативна средба од информативен карактер на претставници на странските акредитирани амбасади во земјава и во странство и на меѓународни и регионални организации, на која е направена ретроспектива на постигнатите активности во 2019 година со јасна споредба на оние постигнати во 2018 година, а беше поставена основа и дадени сугестии за натамошни компарации при нашите средби оваа 2020 година.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Потврдено е присуство на коронавирус кај еден од тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, соопшти Министерството за надворешни работи согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи.

Нашиот државјанин, како што се посочува, во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.

Белград, 13 февруари 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео испрати писмо до новоизбраниот косовски премиер Албин Курти, во кое му честита за формирањето влада, но и посочува дека укинувањето на таксите на производи од централна Србија и Босна и Херцеговина треба да биде приоритет, пренесува „Блиц“.

– Укинувањето на таксите на стоки од Србија и Босна и Херцеговина ќе биде важно поради враќањето на земјите на преговарачка маса. Се надеваме и очекуваме дека ова ќе го направите како приоритет и ќе го искористите моментот создаден со писма со намери за воспоставување воздушни и железнички врски помеѓу Приштина и Белград, наведува Помпео во писмото.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Средства во износ од 1,4 милијарди денари издвои државата годинава за активни мерки и програми за намалување на невработеноста. Очекувањата се со нив да бидат вклучени околу 12 илјади лица и тие да обезбедат рамномерен опфат на мажи и жени. Фокусот во најголем дел ќе биде најмногу на лица до 29 години, а мерките и програмите треба да обезбедат и рамномерна регионална застапеност. Со нив ќе бидат поддржани 1.364 микро бизниси.

Даблин, 13 февруари 2020 (МИА) – Ирската левичарска националистичка партија Шин Фејн денеска соопшти дека официјално побарала преговори со партијата на десниот центар Фина Фојл за да дискутираат за опции за формирање нова Влада по изборите изминатиот викенд.

Барањето става притисок врз лидерот на Фина Фојл Мајкл Мартин, чија партија има 38 пратеници во парламентот со 160 места, за да го разјасни неговиот став за евентуална соработка со Шин Фејн, која има 37 места.

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има утре, а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.

– Врнежите ќе бидат пообилни утре попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Вкупно 10 милиони евра годинава ќе бидат распределени на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти преку системот на спорстки ваучер за кој средствата се обезбедуваат преку приватните компании кои имаат можност со издвојување на 50 отсто од данокот на добивка да го инвестираат директно во спортот.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close