МИА ФлешПакети

МИА Флеш

12 февруари 2020

12 февруари 2020

Софија, 12 февруари 2020 (МИА) – Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев, побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.

Проверката треба да ги опфати сите договори за приватизација, како биле исплаќани, независно од видот на платежните средства, како и сите преземени активности за спроведување на постприватизацискиот надзор.

Куманово, 12 февруари 2020 (МИА) – Кумановските пожарникари, лани секојдневно, речиси по два пати интервенрирале на пожари, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Лани, интервенирале на 577 пожари, помагале во гасење на пожари во три соседни општини, имале 37 технички интервенции што опфаќа ангажирање при сообраќајни несреќи, поплави.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија во Република Северна Македонија“.

Мадрид, 12 февруари 2020 (МИА) – Компанијата „Галп“ , која престана да им го плаќа на вработените времето што го минуваат на паузи за пушење, го доби случајот пред еден Виш суд во Шпанија.

Оваа енергетска компанија соопшти дека постапила според шпанскиот закон кога го одземала времето минато надвор од просториите на фирмата од вкупниот број на работни часови на вработените.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжуваа судењето за предметот „Тврдина-Таргет”. Предметот е во фаза на презентирање сведоци.

За денеска е предвидено да сведочат сведоци од УБК. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Забрана за товарни моторни возила е воведена утрово на патниот правец крак Маврово-Дебар. Забраната е воведена од 8:00 часот.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Ограничени инвестиции во земјоделска инфраструктура, прекумерна расцепканост на земјоделското земјиште и мала површина на земјоделските стопанства, напуштање на селата, отежнат пристап до пазарите, недостаток на можности за диверзификација на приходите и на соодветни советодавни услуги, ограничени капацитети за одржливи земјоделски практики, деградација на земјиштето, ранливост на климатски промени и неефикасното управување со шумските ресурси, се клучните предизвици со кои се соочува македонскиот агро-сектор, смета заменик-регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија говори, Набил Ганџи.

Вашингтон, 12 февруари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп имаше убедлива победа во Њу Хемпшир, додека неговиот противник, поранешниот гувернер на Масачусетс, Бил Велд доби повеќе од 12.000 гласови.

Освојувајќи големо мнозинство, Трамп собра повеќе гласови во примарната држава Њу Хемпшир од кој било претседател во историјата.

Вашингтон, 12 февруари 2020 (МИА) – Американските воено-воздухопловни сили затвораат една од двете главни програми за разработка на хиперзвучно оружје, јави порталот „Дифенс Њуз“.

Проектот HCSW – „Хиперзвучно напаѓачко конвенционално оружје” е затворен. Портпаролот на американските ВВС, Ен Стефанек, изјави дека одлуката не се должи на никакви технички проблеми, туку на буџетските ограничувања.

Брисел, 12 февруари 2020 (МИА) – Главниот преговарач за ЕУ за Брегзит Мишел Барние го критикуваше премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон затоа што рече дека нема да има задолжително усогласување со правилата на Унијата откако земјата официјално го напушти сојузот, јави neweurope.com.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ужива најголема благонаклонетост од граѓаните на Северна Македонија. Германската канцеларка Ангела Меркел е втора, а трет е претседателот на Русија Владимир Путин.

Лос Анџелес, 12 февруари 2020 (МИА) – Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.

Брисел, 12 февруари 2020 (МИА) – Белгискиот министер за надворешни работи, Филип Гофен, порача дека неговата влада е подготвена да ги врати во Белгија децата на џихадисти кои се наоѓаат во камповите во Сирија. Репатријацијата на децата кои се наоѓаат во овие кампови е меѓународна обврска и барање на САД.

Брисел, 12 февруари 2020 (МИА) – Метеоролошките служби предупредуваат дека е можна нова бура, наречена Денис, во текот на идниот викенд над Западна Европа, слична на бурата Кјара што ги погоди западноевропските земји изминатиов викенд.

Феноменот доаѓа од Атлантскиот океан каде моментално се создава бура, таа би требало да ја погоди Шкотска во сабота, и да се прошири во следните часови, според британските метеоролошки служби.

 

 

Back to top button
Close
Close