МИА ФлешПакети

МИА Флеш

11 февруари 2020

11 февруари 2020

Пекинг, 11 февруари 2020 (МИА) – Пикот на епидемијата во Кина, предизвикана од новиот коронавирус, се очекува во средината на февруари, изјави раководителот на специјалната комисија на Државниот комитет за здравство на Кина, Чжун Наншан.
– Во моментов е тешко да се предвиди пресврт на епидемијата, но најверојатно ќе се случи кон средината на февруари, рече Чжун.
Кинескиот виролог е вклучен меѓу групата медицински лица кои работат на терен во Вухан, жариштето на епидемијата и лекарите кои се подготвуваат да ги заменат во подоцнежната фаза.

Сиднеј, 11 февруари 2020 (МИА) – Дождот во Австралија би можел да ги изгасне преостанатите пожари до крајот на неделата, соопштија денеска властите.

Австралија од септември се бори со неочекувано продолжената сезона на пожари. Се очекува дождот оваа недела да ги изгасне преостанатите 24 пожари, од кои четири „неконтролирано“ горат.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Обидите да се донесе законот за јавно обвинителство во рамки на напорите на земјата во борбата против корупцијата ги поздрави денеска шефот на италијанската диполоматија Луиџи ди Мајо, кој по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција напомена дека ниту една земја не може да се пофали со високо ниво на темата – борба против коруција.

Москва, 11 февруари 2020 (МИА) – Засега не е планиран состанок на рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, но лидерите можат да се договорат за контакт доколку е неопходно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Доколку претседателите сметаат дека тоа е неопходно, тогаш ќе се одржи состанок. Засега не е донесена таква одлука, рече Песков, одговарајќи на прашање дали ќе има состанокот меѓу Путин и Ердоган за ситуацијата во Идлиб.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – По речиси еден час продолжи рочиштето за „Рекет“, откако екипата на Брза помош утврди дека обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 може да го следи судењето.

Судијката Васка Николовска-Масевска во судницата го прочита извесувањето од Клиниката на гастроентерохепатологија во кое е наведено дека Јовановски имал хроничен гастритис и оти малигни материјали не биле најдени, по што рече дека судењето ќе продолжи.

Стразбур, 11 февруари 2020 (МИА) – Преговарачот на Европска Унија, Мишел Барние денеска изјави дека британските власти „не треба да се лажат“ дека ЕУ ќе им даде преференцијален третман на Лондон во идните односи по Брегзит.
Тој во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур, истакна дека режимите за еквивалентност, посветени на односите меѓу меѓународните партнери во специфични финансиски сектори, како што е размената на стоки, ќе останат под контрола на ЕУ и оти Велика Британија по Брегзит нема да има специјален однос.

Лондон, 11 февруари 2020 (МИА) – Доколку коронавирусот не се стави под контрола, би можел да зафати две третини од светската популација, изјави за „Гардијан“ професорот Габриел Леунг, водечки епидемиолог од Хонг Конг.

Весникот посочува дека повеќето експерти веруваат дека една личност може да го пренесе вирусот на околу 2,5 други лица. Со тоа, „стапката на напад“ би изнесувала 60-80 отсто.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Унијата на потрошувачи на Македонија (УПМ) прашува кој дозволи да се воведе нова ставка во сметката на ЈП „Водовод и канализација“ за потрошена вода во Град Скопје и бара објаснување од надлежните што значи собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Сончевото време, чистиот воздух и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот Молика и Ски центарот Копанки да ги срушат рекорди на посетеност. Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк Пелистер, инфомрираат од АД ЕСМ.

Лос Анџелес, 11 февруари 2020 (МИА) – Гледаноста на 92. доделување на Оскарите е најниска во историјата. Свеченоста ја гледале 23,6 милиони луѓе, што е за 20 отсто помалку од лани, посочуваат податоците на Нилзен академијата.

На тоа, како што велат познавачите, влијаело тоа што церемонијата годинава се одржа порано од вообичаено.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – До утрово немаше некоја измена односно иако расте бројот на заболени од коронавирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Информациите за нив ги добиваме преку луѓето назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник. Тоа се двајца наши вработени во Институтот за јавно здравје.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Собранската Комисија за надворешна пиолитика денеска едносгласно го поддржа Предлог законот за ратификација на Северноатлансткиот договор, по што треба да се усвои и на денеска закажаната свечена пленарна собраниска седница со присуство на целиот државен врв и на високи претствници на земјите од регионот како и од Парламентарното Собрание на НАТО.

Back to top button
Close
Close