МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 февруари 2020

10 февруари 2020

Прага, 10 февруари 2020 (МИА) – Бурата Сабине што денеска пристигна од Германија во Чешка остави без електрична енергија околу 100.000 луѓе, соопштија чешките оператори на националните енергетски мрежи ЧЕЗ и Е.ОН. Најголем прекин на електричната енергија има во централниот дел на Чешка, каде околу 37.000 луѓе се без струја. На голем број места во дефект се далеководите, а еден возач е повреден откако врз неговиот автомобил паднало дрво.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар дизел ќе се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Република Северна Македонија високо ја цени долгорочната плодна соработка со ОБСЕ, како и поддршката и помошта што државата ја добива во нејзините напори за подобрување во владеењето на правото, судскиот систем, изборните реформи, меѓуетничките односи и процесот на децентрализација, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со Паола Северино, специјален претставник на Претседавачот на ОБСЕ за борба против корупцијата.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Владата својата редовна 8-ма седница денеска ќе ја одржи во Охрид, како петта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата. Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.

Тајланд, 10 февруари 2020 (МИА) – Властите во северниот дел на Тајланд денеска ги враќаат телата на жртвите кај роднините, откако безбедносните сили го убија војникот кој изврши масовно убиство во повеќечасовна опсада на трговски центар, при што загинаа 29, а беа повредени 58 лица.

Приштина, 10 февруари 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти утре ќе отпатува за Албанија, во неговата прва официјална посета надвор од земјата откако пред една недела, на 3 февруари, беше избран на чело на новата Влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според агендата што денеска ја објави неговиот кабинет, за време на утрешниот полудневен престој во Тирана, Курти ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на државата Илир Мета, собранискиот спикер Грамоз Ручи, тиранскиот градоначалник Ерион Велиај и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ укажува на недостатоци на Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и ги повикува пратениците да го повлечат, поради, како што објави денеска, неговата сложеност и недореченост во пресрет на предвремените парламентарни избори во државава.

Брисел, 10 февруари 2020 (МИА) – Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, утрово го посети Европскиот центар за координација на итната помош во рамките на борбата против коронавирусот. Тој предупреди дека епидемијата е сериозна и дека за Европската Унија јавното здравје врвен приоритет.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби очекува донесување на законот за јавно обвинителство ако, како што изјави денеска, текстот кој е веќе доставен во Собранието се совпаѓа со вчера усвоениот на Влада.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Независниот академски синдикат (НАкС) испратил допис до Собранието на Република Северна Македонија со кој бара да се усвои Законот за дополнување на Законот за исплата на платите во РСМ по скратена постапка, со што, како што велат од Синдикатот, ќе се реализира најавеното покачување на платите во високото образование и наука пред распуштање на Собранието.

Берлин, 10 февруари 2020 (МИА) – Германската левица е шокирана, а десницата е воодушевена по веста дека Анегрет Крамп-Каренбауер, лидерката на Христијано-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, се откажува од кандидатура за канцелар и ќе се повлече од врвот на ЦДУ, јавија локалните медиуми.

Багдад, 10 февруари 2020 (МИА) – САД од утринава почнаа да ги повлекуваат своите воени единици од Ирак, јави саудискиот телевизиски канал „Aл Арабија“. Според информација на медиумот, Американците почнале да ги повлекуваат своите војници од 15 воени бази, што се наоѓаат на територијата на оваа блискоисточна земја.

Лос Анџелес, 10 февруари 2020 (МИА) – Брендот на пејачката Ријана, „Севиџ икс Фенти“( Savege x Fenty) ја објави својата нова линија женска долна облека. За кампањата, покрај себе, поп-ѕвездата ја ангажираше и танчерката, пејачка и модел – Нормани. Пастелните парчиња создадени од материјали како чипка и сатен, фотографирани среде цветни пејзажи, ја прават оваа кампања прилично романтична и совршено ја доловуваат енергијата на брендот.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close