МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 февруари 2020

10 февруари 2020

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом. Од 21-ви до 23-ти февруари, на хуманитарниот велеслалом ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот „PAWSITIVE IMPACT“ се грижи за бездомни животни.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејствата Теља и Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби. На средбата со згрижувачките семејства министерката се запозна со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат овие семејства грижејќи се за лицата кои имаат потреба од поголемо внимание, грижа и љубов, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

Лос Анџелес, 10 февруари 2020 (МИА) – Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.

Љубљана, 10 февруари 2020 (МИА) – Едно лице го загуби животот, откако поради силниот ветер врз неговиот автомобил падна дрво. Несреќата се случи утрово на патот Дравоград – Марибор во близина на местото Подвелки, јави диписникот на МИА од Љубљана. По несреќата, полицијата го затвори за сообраќај целиот патен правец.

Атина, 10 февруари 2020 (МИА) – Во организационата рамка на министерството, што ќе излезе во февруари, ќе формираме Дирекција за враќања што ќе го презеде целиот процедурален дел, вели министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис во интервјуто за грчкиот весник „То вима“, јави дописничката на МИА од Атина.

Брисел, 10 февруари 2020 (МИА) – Европската агенција за животна средина (ЕЕА) денеска објавува сеопфатна анализа за последиците од климатските промени во Европската Унија во идните децении: екстремни температури, суши, пожари, поплави… состојбата е алармантна, предупредува агенцијата.

Никозија, 10 февруари 2020 (МИА) – Кипарскиот претседател Никос Анастисијадес изјави дека неговата земја нема да ги одложува своите планови за вадење гас од Егејско море, и покрај обидите на Турција да го присили Кипар да ги откаже своите активности.

Тој кажа дека откажувањето од истражувањата под притисок на Турција ќе биде исто како Кипар да си ги укине своите суверени права, пренесоа американските медиуми.

Сан Салвадор, 10 февруари 2020 (МИА) – Тешко вооружени полицајци и војници упаднаа во парламентот на Ел Салвадор, барајќи пратениците да одобрат заем од 109 милиони долари за подобрување на нивната опрема.

Тие се пробиле во зградата на парламентот додека претседателот Најиб Букеле, кој го предложи заемот, се подготвуваше да им се обрати на пратениците.

Лондон, 10 февруари 2020 (МИА) – Велика Британија денеска соопшти дека новиот коронавирус е сериозна и непосредна закана за јавното здравје, потег што и дава на Владата дополнителни овластувања за борба против ширењето на вирусот.

Министерството за здравство соопшти дека предвидените мерки треба да бидат ефикасно средство за одложување или спречување на натамошно ширење на вирусот.

Брисел, 10 февруари 2020 (МИА) – Популарноста на НАТО во последните години значително е намалена во Франција и Германија, покажа истражување објавено денеска од Институтот за истражување на Пју, пишува европската редакција на Политико.

Според Институтот за истражување, 57 отсто од Германците имаат позитивно мислење за НАТО, што е речиси 20 процентни поени помалку отколку од крајот на 2000-тите години. Во истиот период, во Франција довербата во НАТО е падната од 71 на 49 проценти.

Венеција, 10 февруари 2020 (МИА) – Прочуениот Карневал во Венеција, денеска е отворен со темата „игра, љубов и лудории”, само неколку месеци по катастрофалните поплави што го погодија овој италијански град.

Годинашниот фестивал беше отворен и почна со парада на чамци по надалеку познатите канали. Повеќето учесници се одлучија за традиционалните маски, но некои носеа и посовремени костими, како оние за познатите научнофантастични филмови.

Back to top button
Close
Close