МИА ФлешПакети

МИА Флеш

7 февруари 2020

7 февруари 2020

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Собранието на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Егри (Општина Битола) со мнозинство гласови го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште со што Егри е првиот проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите, соопшти Канцеларијата на ФАО во Скопје.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Судскиот совет денеска ги избра Мирјана Лазарова-Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова за нови судии во Врховниот суд.

Лазарова-Трајковска е поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права и во Уставниот суд. Сафет Кадрии доаѓа од функцијата судија во Апелациониот суд Скопје, Наке Георгиев од претседател на Апелација Штип и Лидија Мартинова од судија во Скопска апелација.

Сараево, 7 февруари 2020 (МИА) – Арапските државјани, кои масовно купуваат недвижен имот во БиХ, досега стекнале сопственост на повеќе од 15 милиони квадратни метри земјиште и стотици станови само во Сараево, соопшти денеска Центарот за истражувачко новинарство (ЦиН).

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска ја прими генералната секретарка на Европската зелена партија Мар Гарсија Санс, која на средбата ја придружуваше Маја Морачанин, пратеничка во Собранието и претседателка на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Почната е постапка за отповикување на почесниот конзул на Унгарија во Битола Сашо Јанакиевски.

– Во текот на вчерашниот ден Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со нота добиена од Амбасадата на Унгарија во Скопје е известено дека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто го отповикува од мандат Сашо Јанакиевски, почесен конзул на Унгарија во Битола, информира МНР.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Нов колективен договор добија вработените во Фондот за здравствено осигурување по тримесечно преговарање меѓу раководството на Фондот и Синдикатот на УПОЗ.

Договорот беше потпишан денеска и во него, како што информира Синдикатот на УПОЗ, се вклучени сите позитивни законски прописи и се унапредени правата на вработените.

Пекинг, 7 февруари 2020 (МИА) – Научниците низ светот настојуваат што подобро да го проучат коронавирусот, а еден од непознатите факти кој се уште не можат да го разјаснат е податокот дека децата се помалку подложни на оваа инфекција.

Епидемијата на коронавирусот беше објавена на 31 декември, но во тој момент ниту едно дете помало од 15 години не беше меѓу заразените, се до 22 јануари. Во студија објавена во медицинското списание „Њу Ингланд“ се наведува дека „децата изгледа помалку се подложни на инфекцијата, а и кога ќе се заразат со коронавирус имаат многу поблаги симптоми од возрасните“.

Брисел, 7 февруари (МИА) – Лидерите од Западен Балкан неформално ќе имаат состанок со лидерите на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, на работна вечера закажана за 16 февруари.

Организацијата на состанокот е на иницијатива на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел додека ќе им се придружи и претседателот на Европската комисија, Фон дер Лајен.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осомничениот во „Империја“ Јордан Камчев и го потврди првостепеното решение со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција.

– Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот Ј. К. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди, соопшти Апелација.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички преглед. Ова денеска едногласно го изгласаа членовите на Државната комисија за спречување на корупција на совојата 26 седница постапувајќи по негово лично барање, а иницирано од пишувањето во одредени медиуми.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close