МИА ФлешПакети

МИА Флеш

7 февруари 2020

7 февруари 2020

Вашингтон, 7 февруари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг, изрази верување дека Кина ќе успее да ја победи епидемијата на коронавирусот.

Тој на Твитер, по разговорите со Си на кои е договорено двете земји да ја продолжат соработката во борбата против ширењето на смртоносниот вирус, напиша дека кинескиот претседател ја предводи операцијата која на крајот ќе биде успешна.

Белград, 7 јануари 2020 (МИА) – Делегацијата на Европската унија, предводена од Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, вклучувајќи го известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик и членот на Европскиот парламент, Тања Фајон, со денешната средба кај претседателот Александар Вучиќ, ја заокружија својата дводневна посета на Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, покрај презентација на новата методологија на проширувањето на ЕУ, цел на посетата на делегацијата на ЕУ беа и разговорите со властите, парламентот и опозициските партии во Србија за престојните пролетни избори и бојкотот на поголемиот дел на опозицијата.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против негувателка за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Таа во првата половина од ноември лани била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години, но додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата. Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала, децата се бранеле кревајќи ги рацете кон главата.

Берн, 7 февруари 2020 (МИА) – Извршниот директор на „Кредит Свис“, Тиџејн Тајем поднесе оставка поради шпионски скандал во банката.

Тајем поднесе оставка од функцијата откако пред неколку месеци беше обелоденето дека двајца банкарски службеници биле следени од приватни детективи најмени од поранешниот директор на банката.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Штетата од блокадата на железничкиот сообраќај, што трае веќе четврти ден, досега изнесува девет милиони денари, а другите држави сериозно размислуваат да го пренасочат сообраќајот преку Бугарија, со што ќе има уште поголеми штети и последици, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Општина Аеродром од оваа година ќе исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче. Субвенцијата за секое новороденче досега изнесуваше 5.000 денари, информираат од Општината.

-Во буџетот за 2020 година предвидовме зголемување на поддршката за нороворенчињата, со цел да ги олесниме трошоците на граѓаните и на тој начин да создадеме подобра иднина за сите“, вели градоначалникот Златко Марин.

Сингапур, 7 февруари 2020 (МИА) – Сингапур денеска прогласи повисок степен на тревога во врска со коронавирусот од Кина, пренесоа британските медиуми.

Сингапурските власти ова решение го донесоа откако беа регистрирани три нови случаи на заразното заболување во градот-држава. Засега не е утврдено дека болните патувале до Кина или имале контакти со заразени луѓе.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Се уште сум оптимист дека ќе преовлада разумот кај политичките субјекти и кај пратенците и сметам дека има простор да се изнајде решение и актуелниот парламентарен состав да го донесе законот за јавно обвинителство, посочи денеска премиерот Оливер Спасовски.

Софија, 7 февруари 2020 (МИА) – Пред зградата на бугарското Народно собрание се одржува протест со барање за оставка на Владата предводена од ппремиерот Бојко Борисов, јави БГНЕС. Организатор на протестот е опозициската „Преродба“.

Во повикот за протест, организаторите како причини за незадоволство ги посочуваат кризата со водоснабдување во делови на земјата, демографската катастрофа, загадениот воздух, управувањето со отпад, одземањето на монетарниот суверенитет, заканите по финансиската стабилност, полициската самоволност… Организаторите на протестот оценуваат дека нема сфера во управувањето со земјата која не е во сериозна криза.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – За време на викендот времето ќе биде сончево, но со ниски утрински температури. Од понеделник повторно се очекува зголемување на облачноста, а веќе во вторник и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до среда ќе бидат во пораст.

 

Back to top button
Close
Close