МИА ФлешПакети

МИА Флеш

3 февруари 2020

3 февруари 2020

Брисел, 3 февруари 2020 (МИА) – ЕУ е подготвена да и понуди на Велика Британија „исклучително амбициозен“ трговски договор со нула тарифи и нула квоти за сите стоки. Тоа го изјави денеска главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, додека го презентираше мандатот за преговори по брегзит.

– Се надеваме дека со договорот ќе се покрие и дигиталната трговија и интелектуалната сопственост, додаде Барние.

Љубљана, 3 февруари 2020 (МИА) – Полицијата во Словенија денеска почна предупредувачки штрајк заради што дојде до забавување на сообраќајот, пред се, на граничните премини.

Штрајкот, според најавата, ќе трае од 8 до 12 часот, а заради него се формираа колони од камиони на граничните премини Брегана/ Обрежје и Грушковје/Мацељ, каде се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски Индекс.

Мајами, 3 февруари 2020 (МИА) – Рекламирањето на Супербоул-финалето на американско рагби, чини 5,6 милиони долари за 30 секунди. Секоја година, маркетиншките агенти се здружуваат за да ја покажат сета своја креативност.

Во вчерашниот натпревар на стадионот Мајами гарденс, во Мајами, Флорида, тимот на Канзас Сити Шифс ги победи Сан Франциско Фортинајнерс со 31:20.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска имаше работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, на која, како што информираат од МТСП, се потврдила партнерската соработка воспоставена децении наназад во интерес на создавање услуги за најранливите категории на граѓани и на повозрасните лица.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на покана на српската Влада, учествува на конференцијата „Дигитална соработка за трансформација на владите”, што се одржува во Белград.

Манчевски на конференцијата ќе ги претстави порталот за е-услуги и останатите проекти за дигитализација на нашата држава.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев.

– На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Министерката за правда Рената Дескоска денеска треба да одржи поединечни средби со помалите пратенички групи околу законот за јавното обвинителство, на кои пратениците треба да ги дадат конечните забелешки за законот.
Преговорите на Дескоска со помалите пратенички групи претставуваат обид да се обезбедат 80 пратеници без ВМРО-ДПМНЕ за законот да биде донесен до распуштањето на Парламентот на 12 февруари.

Атина, 3 февруари 2020 (МИА) – За сите мигранти кои немаат право на азил во Грција, грчката Влада има за цел да воспостави седмични враќања во Турција и зголемување на бројот на оние кои што се враќаат.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, говори за владината политика за справување со бегалското/ мигрантското прашање, истакнувајќи дека освен враќањата во Турција, целта е и да се намалат брановите, јави дописничката на МИА од Атина.

Приштина, 3 февруари 2020 (МИА) – Мандатарот за состав на новата влада на Косово, лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, пред почетокот на собраниската седница на која ќе се гласа за владата што тој ќе ја води, изјави дека денеска се институционализира промената за која гласаа граѓаните на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Back to top button
Close
Close