МИА ФлешПакети

МИА Флеш

31 јануари 2020

31 јануари 2020

Битола, 31 јануари 2020 (МИА) – Најголем дел од жените во руралните средини не можат да бидат самостојни претприемачи, покажува последното истражување на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“, направено во рамки на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Утре до 12 часот политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани, по што најверојатно во понеделник ќе се одржи нова средба на која ќе се разговара за тоа кои амадмани се прифатливи.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Младите луѓе од Северна Македонија и Грција споделуваат заеднички проблеми како што е високиот процент младинска невработеност. Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу младите од двете држави, ќе помогне преку користење на моделот на Франција и Германија, тие да работат на зближување и надминување на стереотипите и предрасудите кои што постојат во двете општетства.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Прв пат по 50 години, ќе се асфалтира локалниот пат што ги поврзува скопските села Виниче и Страчинци. Средствата во вредност од 15 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

Пекинг, 31 јанаури 2020 (МИА) – Кинеските научници наводно развиле експресен тест што за помалку од 15 минути може да го открие новиот коронавирус.
Руските медиуми пренесуваат дека се очекува ваквиот тест да помогне во сузбивањето на ширењето на коронавирусот.
Експертите на технолошката компанија од Васију, во источната провинција Џангсу, соработувајќи со Националниот институт за контрола и превенција на вирсуните болести, за само 10 дена развиле комплет за брз органски тест, јави агенцијата Ксинхуа.
На тестот му се потребни меѓу осум и 15 минути да го покаже резултатот и тој веќе масовно се произведува, дури 4.000 парчиња дневно. Градските власти на Васију, меѓутоа, ја истражуваат можноста ова производство дополнително да се зголеми.

Санкт Петербург, 31 јануари 2020 (МИА) – Покривот на спортскиот и концертен комплекс „Петербургски“ во рускиот град Санкт Петербург се урна за време на демонтажа. Под урнатините веројатно има едно лице, објави ТАСС.

При демонтирањето на ппокривот на комплексот дошо до уривање на конструкцијата. Се претпоставува дека под урнатините има еден работник, а спасувачки екипи на Министерството за вонредни ситуации вршат потрага.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со државниот секретар Драган Николиќ и претставници од Секторот за човечки ресурси во МО и од Генералштабот денеска во Домот на Армијата имаа средба со припадници на Армијата кои оваа година го исполнуваат условот 45 години старост со што завршува нивната служба во Армијата.

Киев, 31 јануари 2020 (МИА) – Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео денеска во Киев изјави дека американската поддршка за Украина е непоколеблива, а неговата посета доаѓа во текот на процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп отворена токму заради украинската афера.
-Денеска сум овде со јасна порака: САД ја сметаат за храбра украинската борба за слобода, демократија и просперитет. Нашата поддршка нема да потклекне, рече Помпео, кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Прометот во трговијата на големо во декември 2019 година е зголемен за 19,9 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а прометот на мало бележи зголемување од 12,7 отсто.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10,4 отсто, а реално за 9,1 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 23,3 , а реално за 24,1) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 17.0, а реално за 16,7 отсто).

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година е за 2,4 отсто помал во споредба со истиот месец од 2018 година, а на годишно ниво е помал за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пад од 1,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 2,6 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пoраст од 0,4 проценти.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Утре до 12 часот политичките партии да поднесат амандмани, а потоа најверојатно до понеделник ќе биде одржана нова средба, на која ќе се разговара кои од амандманите ќе бидат прифатени. Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска по завршување на денешната средба на работната група на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, на која присуствуваа претставници од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close
Close