МИА ФлешПакети

МИА Флеш

31 јануари 2020

31 јануари 2020

Франкфурт, 31 јануари 2020 (МИА) – Банкарскиот центар во Франкфурт е еден од победниците по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, се вели во истражување на „Ландесбанк“ Хесен-Тиринген (Хелаба), објавено денеска.

– Повеќе од 30 странски банки донесоа одлука во корист на германскиот финансиски центар, изјави денеска аналитичарката на Хелаба, Улрике Бишоф.

Брисел, 31 јануари 2020 (МИА) – Европскиот Парламент очекува отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, истакна претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли на прес – конференцијата за Брегзит одговарајќи на новинарско прашање, јави дописникот на МИА од Брисел.

Брисел, 31 јануари 2020 (МИА) – Американскиот гигант Епл не сака да се воведе еден единствен полнач за смартфони како што бара Европскиот Парламент.

Европските пратеници сметаат дека треба ЕУ да воведе единствен модел за полначи со цел да ги заштити потрошувачите.

Рим, 31 јануари 2020 (МИА) – Италијанската Влада денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот.

Пратениците ја донесоа одлуката откако се потврдени првите два случаи на зараза со коронавирус во Италија.

Москва, 31 јануари 2020 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија на гас во фабрика во Русија, соопшти националната Служба за вонредни ситуации.

Четворица од загинатите се турски државјани, а националноста на загинатата жена не е соопштена.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во деновите до почетокот на изборите, но и за време на изборите засилено ќе ги следи сите информации кои се објавуваат во медиумите, како и оние што на сите останати начини пристигнуваат до Комисијата и доколку постои и најмал сомнеж за основано коруптивно однесување ќе отвора постапки по сопствена иницијатива и по допрен глас, порача денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Подгорица, 31 јануари 2020 (МИА) – Црногорската полиција потврди дека денеска се уапсени 16 лица на 17 локации, меѓу кои се и мајката и братучедот на пратеникот на Демократски фронт во црногорскиот Парламент, Милан Кнежевиќ.

Во полициското соопштение се наведува дека мајката на Кнежевиќ е приведена бидејќи ги омаловажувала полицајците при претресот.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Грција е извонреден чекор во зголемувањето на соработката помеѓу младите од двете држави. Ова е производ на Преспанскиот договор со кој ги тргнавме политичките пречки што ги оптоваруваа нашите односи и во исто време природен и нормален тек на соработката која треба да постои меѓу двете држави.

Москва, 31 јануари 2020 (МИА) – Русија сака да склучи нов трговски договор со Велика Британија откако земјата ќе ја напушти Европската унија, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин.

Русија и Велика Британија треба да потпишат договори од областа на авијацијата, транспортот, трговијата со нуклеарни материјали…, објави РИА Новости.

Анкара, 31 јануари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази осуда за некои арапски земји за нивната поддршка за мировниот план за Блискиот Исток, претставен од САД, окфалификувајќи го нивното однесување како „предавство“.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Директорите на компаниите да не ги одложуваат одлуките поради изборите, туку да ги носат веднаш и сега, порача претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер пред почетокот на денешниот работен состанок со владиниот економски тим во Стопанската комора на Македонија. Бизнисот, нагласи Петер, мора да продолжи и да напредува.

 

Back to top button
Close
Close