МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 јануари 2020

30 јануари 2020

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Драгана Евтимова за нејзината песна „Белег“ ја освои прва награда на Mеѓународниот конкурс за поезија ,,Антево слово”, распишан по трет пат од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ .

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12,1 отсто.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски потврди дека во МВР имало исплата на обештетувања, но во најголем дел, преку 90 проценти, појасни, се однесуваат на не исплата на бонус плата за работење прекувремена работа, тоа се факти и аргументи.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница.

– Има таква деловничка можност, изјави Џафери на средба со новинарите, потсетувајќи дека ваков закон веќе има на дневен ред на 108. седница и оти за тој предлог има усогласено триесетина амандмани.

Бангкок, 30 јануари 2020 (МИА) – Организацијата Амнести Интернешнел (АИ) во годишниот извештај за Азиско-пацифичкиот регион оцени дека авторитарните контроли сè повеќе ја поткопуваат слободата во Азија, но дека расте и волјата на граѓаните да се спротивстават на ваквата репресија.

Во денешниот извештај на АИ се наведува дека авторитарните влади во Азија ги поткопуваат човековите права и ги демонизираат своите критичари, но се соочуваат со зголемен бран протести на млади луѓе кои ризикуваат да протестираат против ваквата репресија.

Брисел, 30 јануари 2020 (МИА) –Европската инвестициска банка (ЕИБ) планира од 2025 да посвети половина од своето финансирање на проекти поврзани со борбата против климатските промени и да стане “Зелената банка“ на ЕУ.

Околу 31 отсто од заемите на ЕИБ се дадени за климатски проекти, резултати кои ја потврдуваат амбицијата на Банката да стане климатската банка на ЕУ и со тоа да одигра клучна улога во “Зелениот Пакт“ на ЕУ.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Австрија Георг Вуцас на која, како што информираат, биле истакнати добрите односи меѓу двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на австриската поддршка во многу проекти од областа на пазарот на трудот и социјалната заштита.

Белград, 30 јануари 2020 (МИА) – После специјалниот американски посредник, Ричард Гренел, утре во Белград, од Приштина пристигнува Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, шефот на европската дипломатија во петок ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Москва, 30 јанаури 2020 (МИА) – Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска ја потпиша инструкцијата за затворање на на границата со Кина на Далечниот Исток, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Денеска е потпишана соодветната инструкција, а работата на спроведувањето на оваа мерка е веќе во тек, рече Мишустин на прес конференција.

Охрид, 30 јануари 2020 (МИА) – Министерот во Владата на РСМ и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Едмонд Адеми изрази задоволство што средбата со претставниците на Мониторинг-мисијата на УНЕСКО што се во Охрид бил констатиран напредок во одредени сегменти, но и биле посочени одредени насоки како да се постапува понатаму.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Одлуката што ЕУ треба да ја донесе во март во однос на отпочнувањето преговори за членство, исклучиво можеме да ја гледаме низ призмата на иднината на оваа држава. Ако таа се поврзува и помеѓу политичките субјекти, партиите.., мислам дека не треба или тешко на тој политичар кој смета дека националните интереси број еден во државата не треба да се остварат. Едно е да имате декларација дека се залагате за ЕУ и за НАТО, а второ е нешто и да направите во однос на остварување на овие соништа.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Јас и Владата сме апсолутно против какво било законско решение кое ќе оневозможува водење кривични постапки против кого било, туку напротив да имаме законско решение што ќе овозможи правда за сите, секој подеднакво да одговара пред законските решенија и со тоа да покажеме дека имаме навистина европски вредности, одговори премиерот Оливер Спасовски на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата во однос на јавната расправа за Предлог-законот за Јавното обвинителство.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close