МИА ФлешПакети

МИА Флеш

29 јануари 2020

29 јануари 2020

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош во моментов се евакуира поради дојава за бомба.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судско рочиште кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Рускоска вреден четири милиони евра. Поради тоа, побара нејзино изземање од „Рекет“.

Јовановски не образложи за што станува збор, и побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа. Кажа дека се обратил до обвинитекството, но таму го пренасочиле на судот.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 1,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка 0,6 отсто.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Се подготвуваат нови мрежни правила за пренос на електрична енергија на МЕПСО согласно со новиот Закон за енергетика. Со нив ќе се изврши усогласување со европската регулатива, што пак треба да го подобри квалитетот на електричната енергија што се испорачува преку електропреносниот систем, како и квалитетот на услугите од оваа енергетска компанија кон корисниците.

Вашингтон, 29 јануари 2020 (МИА) – Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) денеска соопшти дека непостоењето на црна кутија во хеликоптерот во кој загинаа кошаркарот Коби Брајант и уште осум лица, може да биде пречка во истрагата.

Иследници на НТСБ соопштија дека хеликоптерот, кој се удрил во еден рид и се распаднал на парчиња, немал ниту систем за предупредување за избегнување терен, за што агенцијата веќе долго време предлага да биде стандард, пренесува „Вашингтон пост“.

Москва, 29 јануари 2020 (МИА) – Кремљ и натаму го проучува вчера претставениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно надминување на палестинско-израелскиот конфликт, изјави Дмитриј Песков, прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Тасс.

-Ние продолжуваме да ги проучуваме овие информации и го прегледуваме планот, што е подготвен од администрацијата на Белата куќа, изјави Песков.

Анкара, 29 јануари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека планот за Блискиот Исток, претставен од американскиот претседател Доналд Трамп, е „апсолутно неприфатлив“.
– Ерусалим е свет за муслиманите. Планот да му се даде Ерусалим на Израел е апсолутно неприфатлив. Тој план ги игнорира правата на Палестинците и има за цел да ја легализира окупацијата на Израел, истакна Ердоган.

Берлин, 29 јануари 2020 (МИА) – Велика Британија ќе мора да направи компромис за некои важни работи како што се правата на потрошувачите и заштитата на животната средина, доколку сака да го задржи целосниот пристап до единствениот пазар на ЕУ, изјави денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ја потпиша Мултилатералната конвенција за мерки за спречување ерозија на даночната основа и преместување на профитот, во рамки на 8-миот состанок на БЕПС (Рамка за мерки против даночна евазија на ОЕЦД), што се одржува во Париз.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе инсистира со новиот закон за градба, што се подготвува при издавање одобрение за градба инвеститорите да се обврзат дека зградата што ја градат ќе ја приклучат на организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем.

Back to top button
Close
Close