МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 март 2020

18 март 2020

Истанбул, 18 март 2020 (МИА) – Прекин на сите верски церемонии, настани и обреди до крајот на март, најави Вселенската патријаршија во врска со ширењето на новиот коронавирус.

Во соопштението од патријаршијата се вели дека од денеска за сите епархии на Вселенскиот трон во сила е „црковна одлука и наредба да се запратна сите верски церемонии, манифестации и обреди до крајот на март, освен за индивидуалната молитва на христијаните во храмовите што ќе останат. отворени“.

Куманово, 18 март 2020 (МИА) – Во текот на денешниот ден од 6:00 часот до 14:00 часот на излез од Граничниот премин Табановце имало 79 македонски државјани, соопштија денеска од МВР.
-Од 06:00 до 14:00 часот на ГП Табановце на излез поминале 79 македонски државјани, а вкупниот број на патници кои изглеле е 179, велат од МВР.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – На новинарско прашање дали во услови кога се прогласува вонредна состојба се контролира границата со Косово зашто, наводно, во кумановско Черкези има 20 камиони со десетици тони товар пченица од Косово, премиерот Оливер Спасовски одговори дека ќе ја провери информацијата и дали случајот е законски. Притоа нагласи дека и со прогласување вонредна состојба, животот не престанува и ќе продолжи понатаму.

Атина, 18 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство на Грција, Всилис Кикиљас, од амбасадорката на Кина во Атина, прими донација од 50 илјади медицински маски,од кинеската заедница и кинеските компании во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас окри дека в сабота со лет на Ер Кина во Атина ќе стигне уште поголема помош од кинеските компании и од државата.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Од НАТО научивме дека од многу зборување, а не работење не се добива ништо, ние сработивме и честитки до сите за овој успех, одговори министерката за одбрана Rадмила Шекеринска на новинарско прашање „дали мисли дека е несоодветно додека сите очи се вперени во пресовите на Владата, да се промовира членството во НАТО“.

Брисел, 18 март 2020 (МИА) – Организаторите на избор за песна на Евровизијата денеска соопштија дека поради ситуацијата со коронавирусот го откажуваат ова музичко натпреварување.

„Со голема тага мора да соопштииме дека Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан. Во текот на последните неколку седмици разгледувавме различни алтернативни опции како да ја организираме Евровизија. Меѓутоа, со оглед на неизвесноста која ширењето на коронавирусот го предизвика во Европа и ограничувањата воведени од земјите-учеснички и Холандија, ЕБУ донесе тешка одлука дека не е можно да се продолжи со планираниот настан“, се вели во соопштението од ЕБУ.

Прага, 18 март 2020 (МИА) – Чешката Влада им нареди на граѓаните да носат маски или на друг начин да ги покриваат устата и носот на јавни места.

Мерката стапува во сила од полноќ.

Премиерот Андреј Бабиш по владината седница рече дека е донесена одлука помеѓу 10:00 часот наутро и 12:00 часот напладне до продавниците за храна и аптеките да им се дозволи пристап само за граѓани постари од 65 години.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори – Скопје, како политички одговорен и високо морален чин, ги поздравува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО на нашата земја во шпанскиот Парламент и по итна постапка потпишаниот указ од страна на шпанскиот суверен.

Советот на амбасадори, во соопштение до јавноста, посочува дека посебно го вреднува фактот дека пријателска Шпанија и на ваков начин ја демонстрира својата целосна подршка за полноправно членство на нашата земја во евроатлантските структури, во овие исклучително сложени услови низ кои минува и оваа земја, како и многу други држави во Европа и во светот, погодени од дејството на корона вирусот.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Фејсбук напиша дека доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го проследи владиниот предлог за прогласување вонредна состојба до него, по што ќе се обрати до јавноста.

-Во моментов имам информација дека предлогот на Влада на Република Северна Македонија за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста, напиша на ФБ претседателот Пендаровски.

 

Back to top button
Close
Close