МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 јануари 2020

21 јануари 2020

Toкиo, 21 јануари 2020 (МИА) – Еден човек е уапсен во Јапонија откако, наводно – намерно ги оставил кремираните останки на неговиот татко во тоалетот на една метро станица. Кога таткото на Хироаки Хишиџима починал лани во септември, градските власти во Токио го кремирале неговото тело. Хишиџима отишол да ги земе останките на татко си во ноември заради погреб, но се исплашил дека неговата мајка ќе се налути ако ја однесе пепелта на таткото дома, па го оставил во тоалетот на метро станицата.

Кардиф, 21 јануари 2020 (МИА) – Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“. Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Преку измени и дополнувања на Законот за минерални суровни Министерството за економија ќе се обиде да најде долгорочно решение за проблемите со безбедноста и здравјето што ги имаат жителите во населените места во чија близина се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини. Како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, со измените и дополнувањата на Законот, кои од денеска влегуваат во собраниска процедура, се додаваат нови основи за едностран раскин на концесијата од државата со кои ќе можат да се решат проблемите на локалното население, но без да не се направи штета на Буџетот на државата доколку некој концесионер се жали на суд.

Мадрид, 21 јануари 2020 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез во интервју за шпанскиот јавен радиодифузер ТВЕ соопшти дека во февруари ќе се состане со каталонскиот премиер, Ким Тора, како дел од дијалогот за идниот статус на Каталонија и дека Каталонците потоа ќе треба да гласаат за нивниот договор, што не вклучува независност. Санчез, кој е на власт од јуни 2018 година, во јануари ја формираше новата коалициска влада на неговата шпанска Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и помалата, левичарска формација на „Унидас Подемос“, прва коалициска влада во Шпанија во последните 80 години.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Државната изборна комисија едногласно го отфрли како недозволено барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во кое тој бара членовите на највисокото изборно тело во државата да го толкуваат членот 46 од Законот за Влада и неговите надлежности. Членовите на ДИК истакнаа дека тие не се овластени да даваат мислења, ниту оценки на законитоста на законите и упатија дека автентично толкување на членови на закони може да даде само собраниската Законодавно-правна комисија.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески го оцени како неконструктивно поднесувањето на околу 1000 амандмани на Законот за легализација на дивоградби од страна на опозицијата. Поднесените амадмани, според Сугарески, не претставуваат подобрување на текстот на законот, туку свесно блокирање на законските решенија кои се во интерес на граѓаните.

Техеран, 21 јануари 2020 (МИА) – Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари „на оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јавија американските медиуми, повикувајќи се на иранската полуофицијална агенција Исна.

-Во име на народот на провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари награда во готово на оној кој ќе го убие Трамп“, изјави пред пратениците во иранскиот парламент Ахмад Хамзех, цитиран од иранската агенција.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – По неколкумесечно одлагање, неделава двајца врховни судии се очекува да реферираат за два предмета од случајот на СЈО „Тенк“. Едниот предмет пред колегите ќе го изнесе судијата Ристо Катавеновски, а во него се бара највисокиот суд да ја преиспита двегодишната затворска казна за Никола Груевски, како и за поранешниот-помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на четири и пол години затвор, објави БИРН.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на средбата денеска во Давос на Светскиот економски форум со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, уште еднаш ја потврдил поддршката на Бугарија за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со Европската Унија. Бугарскиот премиер изразил очекување дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде засегната од политичката состојба во Северна Македонија, соопштија од Кабинетот на Борисов.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од седиштето на Државната изборна комисија упати порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.
– Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде, изјави Османи нагласувајќи дека на 26 март, на четвртиот ден од кампањата, е состанокот на Европскиот совет, а потоа следуваат и други состаноци поврзани со нашите евроинтеграции.

 

Back to top button
Close
Close