МИА ФлешПакети

МИА Флеш

20 јануари 2020

20 јануари 2020

Мадрид, 20 јануари 2020 (МИА) – Најмалку три лица загинаа при невреме во Шпанија, проследено со силен ветер и снег, пишува весникот „Венте минутос“.
Двајца мажи загинаа, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, додека во Гандија, Валенсија, денеска загина жена – бездомник.
Шпанската државна метеоролошка служба објави предупредување поради невремето во 33 провинции. Поради лошото време, некои патишта се затворени, како и пристаништата Валенсија и Гандија.

Рим, 20 јануари 2020 (МИА) – Секоја поморска мисија на ЕУ во близина на либискиот брег ќе има потреба од темелно менување за да не дозволи ништо друго освен поддршка на ембаргото за оружје против земјата што е во конфликт, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, јави ДПА.

Рим, 20 јануари 2020 (МИА) – Лидерот на италијанската опозиција, десничарот Матео Салвини денеска ги повика сенаторите да му го укинат имунитетот за да може да му биде судено поради тоа што како министер за внатрешни работи со денови не дозволуваше симнување на мигрантите од спасувачкиот брод.

Осло, 20 јануари 2020 (МИА) – Норвешката Влада е доведена во опасност откако денеска од владејачката коалиција се повлече десничарската Напредна партија откако беше дозволено во земјата да се врати од Сирија поддржувачка на терористичката „Исламска држава“.

Брисел, 20 јануари 2020 (МИА) – Комисиите на Европарламентот во Брисел усвојуваат заклучоци и предлог мислења за Брегзит. Конечното гласање на ЕП за Договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ е планирано за пленарна седница на 29 јануари.

Гласањето на Европскиот парламент за Договорот претставува и последна законска процедура пред стапувањето на Брегзит во сила.

Брисел, 20 јануари 2020 (МИА) – Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив Ле Дриан, по завршувањето на министерскиот совет за надворешни работи на ЕУ, денеска изрази задоволство што ЕУ успеа да покаже единство на планот на надворешната политика, посебно за кризата во Либија.

Прекинот на огнот и ембаргото врз оружјето во Либија беа една од главните теми на министерскиот состанок.

Техеран, 20 јануари 2020 (МИА) – Иран денеска соопшти дека би можел да излезе од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ) ако европските земји се обратат до Советот за безбедност на Обединети нации поради нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година.

Договорот НПТ од 1968 година е основа за контрола врз глобалната трка во нуклеарно вооружување, вклучително и Договорот со шесте светски сили со Иран.

Тирана/Киев, 20 јануари 2020 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, денеска престојува во посета на Киев, Украина.

Тоа е негова прва посета на некоја држава по превземањето на Албанија на претседавањето со ОБСЕ на 9-ти овој месец.

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – Според информациите со кои располагаме опасен отпад во земјава и во „Дрисла“ не е внесен, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, но сепак додава дека тоа треба да се провери и ги повикува и надлежните инстиутции и граѓанските организации да разменат доколку имаат информации за евентуални нерегуларности.

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) – Во Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија денеска ќе се одржи протест на приврзаниците за слободно носење на оружје.

Протестот е организиран откако Сенатот на Вирџинија усвои закони со кои се пропишува обврзна безбедносна проверка на купувачите на сите типови на оружје, купување на максимално еден пиштол месечно, како и забрана за внесување на оружје во јавните институции.

Атина, 20 јануари 2020 (МИА) – Велосипеди, мотори, канти за отпадоци, колички од супер маркет, како и 80 електрични тротинети се само дел од предметите откриени на дното на морето во Солун во акцијата на општината, јави дописничката на МИА од Атина.

Во трета фаза за чистење на морето, дното било скенирано со подморски дрон во соработка со професорот Јоргос Минос од Меѓународниот универзитет на Грција.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close