МИА ФлешПакети

МИА Флеш

20 јануари 2020

20 јануари 2020

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) – Откако одби да соработува во истрагата за отповикување што ја предводеше Демократската партија во Претставничкиот дом, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја изнесе својата прва сеопфатна одбрана, пред почетокот на постапката за негов импичмент во Сенатот.

Трамп, кој е четврти од 45 американски претседатели кој се соочува со можноста да биде отповикан, мора да го исполни крајниот рок до пладне по локално време за да ја поднесе својата одбрана во писмена форма.

Њујорк, 20 јануари 2020 (МИА) – Незаконски е националните влади да ги вратат луѓето во земјите од каде побегнале, каде што нивните животи би можеле да бидат загрозени од климатската криза, пресуди Комитетот за човекови права на Обединетите нации.

Пресудата, која е прва од ваков вид, претставува правна „точка на пресврт“ и момент што „ја отвора вратата“ на идните барања за азил на луѓе чиј живот и благосостојба се загрозени поради глобалното затоплување, велат експертите.

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) – САД ќе направат „многу лоши работи“ на Европската унија, ако поставените огромни бариери од Унијата за американскиот бизнис, не бидат намалени. Тоа го соопшти претседателот на САД, Доналд Трамп.

Шефот на американската држава исто така тврди дека на администрацијата и е на многу начини потешко да „работи“ со Европа отколку да соработува со Кина.

Триполи, 20 јануари 2020 (МИА) – Либиската национална нафтена корпорација (НОЦ) денеска соопшти дека за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно доколку продолжи воената блокада на нафтената инфраструктура во Либија.

Генерал Калифа Хафтар пред неколку дена повика на блокада на нафтените терминали во знак на протест поради интервенцијата на Турција, која ја признава меѓународно признаената Влада во Триполи.

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Адам Шиф, ги обвини американските разузнавачки агенции дека не му предаваат на Конгресот документи што се поврзани со Украина, а можат да имаат суштинско значење за процесот за импичмент на Трамп, пренесоа американските медиуми.

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Техеран, 20 јануари 2020 (МИА) – Иран денеска соопшти дека „вратата за преговори не е затворена“ во решавањето на спорот за нејзината нуклеарна програма со светските сили, што ескалираше откако САД во 2018 година еднострано се повлекоа од договорот.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави, изјави дека секој потег на Техеран за намалување на неговите обврски преземени со договорот ќе зависи од акциите на другите страни, откако европските земји потписнички го активираа механизмот што може да доведе до повторно воведување на саниции на Обединетите нации.

Подгорица, 20 јануари 2020 (МИА) – Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ се најде на исто место со Рафаел Надал, во вежбалница во Австралија. Направи видео од тоа и го објави на Инстаграм.

– Вака Рафа изведува истегнување, прокоментира Црногорката.

Back to top button
Close
Close